„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
30.10.2025 - 27.11.2025 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија сала 3, 3-ти кат
Во организација Стопанската комора на Северна Македонија, на 27 ноември 2025 годинаќе се организира еднодневен семинар на тема: ТЕХНИКИ ЗА НАПЛАТА НА СПОРНИ ПОБАРУВАЊА - Правни, комуникациски и организациски пристапи.
Целта на семинарот:
Семинарот има за цел да им овозможи на учесниците да стекнат применливи знаења и практични вештини за ефикасно управување со спорни побарувања, преку:
За кого е наменет семинарот?
Времетраење семинарот:
1 работен ден | 09:30 – 15:30 часот
(со вклучени паузи за кафе и закуска, како и интерактивна дискусија)
1. Вовед во спорните побарувања
- Законот за облигациони односи
- Закон за нотаријат;
- Законот за парнична постапка;
- Законот за извршување.
2. Правна и финансиска анализа пред постапка
🕦 11:45 – 12:45
3. Неформални дејствија пред поведување постапка и алтернативни начини за решавање спорови: медијација и трговска арбитража
🕛 12:45 – 13:45
4. Формални и правни постапки за наплата
☕ Пауза за кафе (13:45 – 14:00)
5. Превенција и управување со ризик од ненаплатени побарувања
6. Практична симулација и заклучоци
Очекувани резултати од семинарот
По завршување на семинарот, учесниците ќе бидат способни да:
✔️ Препознаат и анализираат спорни побарувања согласно со законската рамка
✔️ Користат комуникациски и правни стратегии за наплата
✔️ Применат судски и вонсудски механизми за решавање на спорови
✔️ Воспостават интерни механизми за превенција на финансиски ризици
Предавач: м-р Драган Лазаров, адвокат – партнер во Адвокатска канцеларија Лазаров од Скопје. Магистер по деловно право на Правниот факултет УКИМ. Работи на граѓанско-правна материја од областа на трговско и деловно право, инвестиции, недвижности, финансово право, трудово право и работни односи. Во својата пракса работи претежно со фирми од државата и странство и има широко практично искуство во деловното работење на трговските друштва. Неговото професионално портфолио опфаќа едни од најголемите домашни и странски инвестиции, како и трансакции.
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
· работен материјал доставен електронски;
· ручeк и освежување;
· сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24.11.2025 година.