„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневна специјалистичка обука на тема: ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ КАКО ЕФИКАСНО СРЕДСТВО ВО ПРОДАЖБА, НАБАВКА И МЕНАЏМЕНТ – Како да преговарате, а не да наговарате или да се откажете – „Со вештини за преговарање до поголем профит и подобри односи со клиентите“

18.03.2026 - 21.04.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат

„Од разговор до профит – научи како!“

Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 21 април 2026 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема:  ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ КАКО ЕФИКАСНО СРЕДСТВО ВО ПРОДАЖБА, НАБАВКА И МЕНАЏМЕНТ.

Во услови на економска неизвесност и зголемен притисок врз трошоците и профитот, секоја одлука станува клучна – а секој преговарачки процес може да направи значајна разлика. Компаниите кои знаат како стратешки да преговараат не само што опстојуваат, туку и создаваат конкурентска предност.

Токму затоа, вештината на преговарање денес не е избор, туку неопходност. Таа директно влијае врз приходите, заштедите во набавката, управувањето со ризици и градењето долгорочни деловни односи.

Овој семинар нуди практичен пристап за развој на преговарачки вештини кои веднаш може да се применат во реални деловни ситуации. Ќе научите како да постигнете подобри договори, да ги заштитите интересите на компанијата и да изградите стабилни партнерства – дури и во најпредизвикувачки економски услови.

👉 Инвестирајте во знаење што директно влијае на резултатите.
 
Зошто ја препорачуваме оваа обука?

❗ Дали губите профит во преговори без да сте свесни?
❗ Дали попуштате повеќе отколку што треба?

👉 Време е да го смените тоа.

Со оваа обука ќе научите како да:
✔ Постигнувате подобри договори и повисоки резултати
✔ Преговарате самоуверено и стратешки
✔ Го зголемите влијанието во продажбата и набавката
✔ Претворите го секој преговарачки процес во WIN-WIN исход

👉 Направете преговорите да работат во ваша корист!

За кого е наменета оваа обука?
  • Професионални продавачи
  • Менаџери за клучни клиенти (CAM)
  • Вработени во сектор за набавка
  • Вработени во сектор за продаќба
  • Проект менаџери
  • Раководители на сектори
  • Сопственици на компании и топ менаџмент
ПРОГРАМА:

МОДУЛ 1 – Клучни фази на преговарачкиот процес и како да ги водите

  • Запознавање со агендата и целите на семинарот
  • Преговарањето како моќна алатка за зголемување на профитабилноста
  • Пронаоѓање зона на заеднички интереси (техники и алатки)
  • Петте фази на преговарачки процес и како успешно да се водат
  • Потенцијални замки во преговарањето и како успешно да се избегнат

МОДУЛ 2 – Како ефикасно да управувате со преговарачкиот процес

  • Запознавање со практични преговарачки техники
  • Како функционираат техниките во реални ситуации
  • Фактори што влијаат врз текот на преговорите
  • Техники на активно слушање и нивна примена

МОДУЛ 3 – Како успешно да преговарате според ситуацијата и да ги финализирате преговорите

  • Значењето на активното слушање во преговарањето
  • Основни стилови на преговарање
  • Преговарање во процесот на набавка (купување)
  • Карактеристики на меко, цврсто и принципиелно преговарање
  • Креирање успешна преговарачка стратегија
  • Евалуација на семинарот и доделување сертификати
Што добиваат учесниците?
  • Освежување, кафе и оброк за време на паузите;
  • Сертификат од D.R. Gilbert Центар група;
  • Материјал за водење белешки и електронски PPT презентација по завршување на обуката;
  • Книга од D.R. Gilbert која ја следи темата на обуката со доплата;
  • Тренерот на семинарот користи повеќе методи за пренсување на информациите (предавање, интерактивност, практични вежби), со што ја зголемува продуктивноста на пренсување на информациите и успешно стекнување на знаењата и личните перформанси кај учесниците;
  • Работен јазик:српски јазик.
Предавач:

Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.

 Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.

 
 
 

Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074