“Dimitrie Çupovski” nr.13, 1000 Shkup +38923244000 ic@mchamber.mk
20.06.2024
|
Асоцијацијата за поддршка на медијацијата при СКСМ се формираше во 2016-та година година со основна цел да обезбеди поголема промоција и достапност на медијацијата. Во асоцијацијата, во согласност со Законот за медијација (Сл.весник на РСМ бр.294/2021), доброволно учествуваат и членуваат лиценцирани медијатори, експерти од областа на медијацијата, компании, институции и други заинтересирани страни, кои даваат поддршка за популаризација на медијацијата. Активностите на АПМ се насочени спрема користење на медијацијата со цел растоварување на долгите и скапи судски постапки и помагање на судството, како и изнаоѓање прифатливи решенија за компаниите и продолжување на нивната идна деловна соработка. АПМ од формирањето до сега сама или со поддршка на домашни и меѓународни институции за целиот изминат период има направено над 50 бесплатни настани за промоција на медијацијата, со учество од над 2.500 заинтересирани страни.
УНДП - Програма за развој на Обединетите нации, имаисклучително влијание во развојот на македонското општество кој во изминатите години настапува со јасни проекти во спроведување на Агенадата 2030. УНДП демонстрира подготвеност и максимална поддршка во процесот на приближување на РСМ кон ЕУ, ја поддржува Владата во изградба на инклузивно општество, со можноста секој поединец да има пристап до услуги и право на учество во донесувањето на одлуки што влијаат на нивните животи. Поддршката на УНДП вклучува развивање на човечки и институционални капацитети особено изразени во локалните заедници, обезбедување знаење, изнаоѓање решенија, градење партнерства и мобилизирање средства за развој. УНДП во континуитет има проекти за развој на општините, при што регионалниот рамномерен развој е предуслов за создавање на поголем економски раст на државата.