„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески на средба со градоначалникот на општина Карпош Сотир Лукровски

28.11.2025

| Актуелно

Прва работна средба на претседателот на Стопанска комора Бранко Азески со новиот градоначалник на општина Карпош Сотир Лукровски, во просториите на општината. На средбата, ќе се разговара приоритетно за економските потенцијали на општината и улогата на бизнис секторот во развојот на оваа урбана скопска општина.

Општина Карпош која има развиена соодветна сообраќајна патна инфраструктура, согласно потенцијалот за развој на локалната самоуправа, има можности за идни инвестициски активности кои исто така ќе бидат предмет на разговор на работната средба, што треба да и даде можност на оваа општина да се претстави како атрактивна бизнис дестинација за деловните субјекти во насока на поттик за поголем економски раст. Предмет на интерес се и другите теми значајни за бизнисот и општината, а кои Стопанската комора ги поддржува кога одат во правец на остварување на повисок процент на економски раст, владеење на принципите на пазарната економија, јакнење на децентрализацијата.

Согласно стратегиските документи на општината, потенцијал за развој постои во насока на поттикнување на растот на постојната стопанска структура, побрза изградба на урбанизираните локации, поголемата искористеност на туристичкиот потенцијал. Потребите за инвестиции се однесуваат на подобрување на инфраструктурата и бизнис средината, поттикнување и поддршка на економските активности на приватниот сектор и градење на капацитетот на човечки ресурси за вработување, водење бизнис општински проекти. 

Во Општина Карпош бројот на активни деловни субјекти во 2021 година е околу 4.500, доминантно во трговијата на големо и мало, а евидентирани се и над 600 компании од преработувачка индустрија и градежништвото, што ја отсликува структурата на стопанскиот развој.