Нови топ вести од Комората со видео запис во „Бизнис Објектив“
06.10.2025
Во третото издание на емисијата „Бизнис-објектив“, која се емитува на телевизија „Телма“ (5.10.2025 година), Стопанската комора го одбележува коморското дејствување:
Самит за правила на потрошувачите во Тиват, во организација на ЕБРД под мото „Мисија (не)возможна 2025: Што носи иднината за земјоделско-прехранбената индустрија, производите за широка потрошувачка, дистрибуцијата и малопродажбата во Европа во развој?“, со смел фокус на најновите глобални трендови и идните можности за агробизнисот, FMCG, малопродажбата на храна и дистрибутивната индустрија;
Две македонски компании од ИТ Секторот, членки, партнери на Комората одбележаа повеќе децениско постоење на пазарот, дома но и надвор од границите.
По повод 30 години СЕМОС Едукација, претседателот на Комората Бранко Азески ќе рече – „Ја вбројувам во групата брендови во Македонија кои го одржаа бизнисот“;
По повод 25 години АИТОНИКС, на основачите Азески им посака „уште долги години успешно работење, нови достигнувања и уште поголем придонес кон бизнисот и општеството”.
Видеото е емитувано во емисијата „Бизнис Објектив“ на Телма чија премиера беше во неделата на 5.10.2025 година.
Оваа веб-страница користи колачиња кои помагаат на веб-страницата да функционира и исто така да следи како комуницирате со нашата веб-страница. За да го обезбедиме најдоброто корисничко искуство, изберете поединечно дали се согласувате или не со секое од специфичните колачиња преку избор на копчето "Не се согласувам" и потоа кликнете на „Прифати“. Прочитај повеќе.