„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Нови топ вести од Комората со видео запис во „Бизнис Објектив“

06.10.2025

Во третото издание на емисијата „Бизнис-објектив“, која се емитува на телевизија „Телма“ (5.10.2025 година), Стопанската комора го одбележува коморското дејствување:

  • Самит за правила на потрошувачите во Тиват, во организација на ЕБРД под мото „Мисија (не)возможна 2025: Што носи иднината за земјоделско-прехранбената индустрија, производите за широка потрошувачка, дистрибуцијата и малопродажбата во Европа во развој?“, со смел фокус на најновите глобални трендови и идните можности за агробизнисот, FMCG, малопродажбата на храна и дистрибутивната индустрија;
  • Две македонски компании од ИТ Секторот, членки, партнери на Комората одбележаа повеќе децениско постоење на пазарот, дома но и надвор од границите.
  • По повод 30 години СЕМОС Едукација, претседателот на Комората Бранко Азески ќе рече – „Ја вбројувам во групата брендови во Македонија кои го одржаа бизнисот“;
  • По повод 25 години АИТОНИКС, на основачите Азески им посака „уште долги години успешно работење, нови достигнувања и уште поголем придонес кон бизнисот и општеството”.

Видеото е емитувано во емисијата „Бизнис Објектив“ на Телма чија премиера беше во неделата на 5.10.2025 година.