„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.09.2025
Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најрепрезентативна деловна асоцијација во земјата, на иницијатива на Македонското здружение по кардиологија со своја поддршка се вклучи во организацијата на Регионалната школа за срцева слабост, гледајќи ја оваа иницијатива како можност за поширок општествен придонес кон јавното здравје и за подигање на свеста за важноста на превенцијата, особено кај стопанствениците, како ризична група подложна на срцеви заболувања.
На сликата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески се (од лево кон десно) проф. Петар Сеферовиќ, проф.д-р Томас Лушер еден од програмските директори на Школата, кој е претседател на Европското здружение по кардиологија, директор за истражување, едукација и развој и консултант кардиолог во Кралскиот болнички фонд Бромптон и Харфилд и професор по кардиологија на Империјал колеџот во Лондон, д-р Тања Анѓушева од Клиниката Жан Митрев и вонреден професор на Медицински факултет Универзитетот Гоце Делчев, маестро Симон Трпчевски и проф.Франческо Консетино