„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Превенција на срцевата слабост кај стопанствениците – Комората поддржувач на Регионалната школа за срцева слабост

26.09.2025

Стопанската комора на Северна Македонија, како најголема и најрепрезентативна деловна асоцијација во земјата, на иницијатива на Македонското здружение по кардиологија со своја поддршка се вклучи во организацијата на Регионалната школа за срцева слабост, гледајќи ја оваа иницијатива како можност за поширок општествен придонес кон јавното здравје и за подигање на свеста за важноста на превенцијата, особено кај стопанствениците, како ризична група подложна на срцеви заболувања.

 На сликата со претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески се (од лево кон десно) проф. Петар Сеферовиќ, проф.д-р Томас Лушер еден од програмските директори на Школата, кој е претседател на Европското здружение по кардиологија, директор за истражување, едукација и развој и консултант кардиолог во Кралскиот болнички фонд Бромптон и Харфилд и професор по кардиологија на Империјал колеџот во Лондон, д-р Тања Анѓушева од Клиниката Жан Митрев и вонреден професор на Медицински факултет Универзитетот Гоце Делчев, маестро Симон Трпчевски и проф.Франческо Консетино

Овој настан претставуваше иницијален чекор кон воспоставување на долгорочна соработка помеѓу Комората и Македонското здружение по кардиологија на полето на превенција од срцева слабост кај менаџерите, како ризик група која  е изложена на 4 пати поголем ризик од срцева слабост. Во следниот период, ќе бидат покренати повеќе активности, кои ќе имаат за цел подигнување на свеста за важноста на превенцијата кај членството на Комората.
По завршувањето на работниот дел, беше организирано свеченото отворање на Школата, кое понуди прилика за непосредна интеракција и дискусија помеѓу учесниците на Школата и стопанствениците-претставници од Стопанската комора на Северна Македонија.
 
 
Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески, како поддржувач на настанот, оствари директни средби со водечките европски специјалисти присутни на Школата, а на проф.д-р Томас Лушер, еден од програмските директори на Школата, кој е претседател на Европското здружение по кардиологија, директор за истражување, едукација и развој и консултант кардиолог во Кралскиот болнички фонд Бромптон и Харфилд и професор по кардиологија на Империјал колеџот во Лондон, му додели плакета од Стопанската комора на Северна Македонија.