„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

СРЕДБА НА ПРЕТСЕДАТЕЛОТ АЗЕСКИ СО НОВИОТ В.Д ПРЕТСЕДАТЕЛ НА СКСЗМ НУХИ АЛИУ

25.08.2025

 Во сабота, 23.8.2025 година, во Хотел Актор во Визбегово, се одржа работна средба на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески со новиот в.д претседател на Стопанската Комора на северо-западна Македонија Нухи Алиу на која се разменија мислења за актуелни економски прашања поврзани со тековното работење на двете бизнис асоцијации. На работната средба на која присуствуваа и извршниот дирекор на СКСЗМ Дурим Зекири и м-р Анета Трајковска, советник во Кабинетот на претседателот на СКМ најпрвин се разговараше околу прашањата врзани за ефикасноста на државната помош и субвенциите за бизнисот и буџетот, а на средбата претседателот Азески беше информиран за поднесената иницијатива за поведување на постапка за оценување на уставноста на Законот за технолошки индустриски развојни зони пред Уставниот суд на Северна Македонија од Стопанската комора на северо- западна Македонија. На работната средба беше отворено и прашањето за заедничка изведба на нова модерна и репрезентативна деловна зграда на двете бизнис асоцијации.