„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Колумна за магазинот InStore GS1 СТАНДАРДИТЕ – ДВИГАТЕЛ НА МОДЕРНИТЕ ТРГОВСКИ ПРОЦЕСИ

22.05.2025

 Во колумна за магазинот InStore, претседателот на Стопанската комора и генерален извршен директор на ГС1 Македонија,  Бранко Азески, пишува за GS1 организацијата која повеќе од 50 години е посветена на дизајнирање и имплементација на глобални стандарди за користење во синџирот наснабдување.

GS1 стандардите претставуваат рамка која овозможува производите, услугите и информациите за нив ефикасно и безбедно да се движат во корист на бизнисите и заподобрувањена животoт на луѓето секојдневно и насекаде.

Тие ги зближуваат компаниите кои ги претставуваат сите делови на синџирот на снабдување – производителите, дистрибутерите, продавачите на големо, болниците, превозниците, царинската управа, софтверските куќи, националните и меѓународните законодавни тела, итн.

Ги користат и големите мултинационални синџири и малите маалски продавници, светски познатите брендови, но и индивидуалните занаетчии. Овие компании, чии интереси всушност се вкрстуваат, под наше лидерство соработуваат на изготвувањето на стандардите кои го прават синџирот на снабдување побрз, поефикасен, помалку комплексен и поевтин.

 

 

 

 

 

Во рамките на GS1 стандардите постојат три главни области во чии рамки GS1 организацијата развила и континуирано работи на одржување и надополнување на стандарди: идентификација, чување и прибирање и размена. Во секоја од трите области во соработка со компаниите од целиот свет се изработени стандарди и алатки кои се слободно достапни и отворени за сите компании, бидејќи крајната цел на нашето работење е да се овозможи непречена комуникација и соработка меѓу компаниите без постоење на национални и јазични бариери.

Целата колумна може да се прочита во најновото печатено издание на магазинот InStore. 

Во прилог и линк од колумната:www.instore.mk/record/8/17227/branko-azeski-standardite-GS1---dvigatel-na-modernite-trgovski-procesi