„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Потенцијалот на вештачката интелигенција и промените што таа ги носи во сите сфери на живеењето и работењето сè уште недоволно се препознаваат во регионот, вклучително и во Македонија.
Ова беше една од темите во разговорот на претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, со Мирослав Гроздановски, советник на министерот за дигитална трансформација, во новата епизода на „Chamber Talk“, посветена на темата „Вештачката интелигенција – правец на иднината“.
Гроздановски посочи дека вештачката интелигенција веќе предизвикува значајни промени во различни области – од воената индустрија и производствените процеси, до транспортот, деловното работење и секојдневниот живот. Нејзината примена сè повеќе се проширува и во услугите, како што се резервациите на хотели, анализата на достапните опции и организацијата на настани, особено во поголемите компании.
Одговарајќи на прашањето на Азески каде се наоѓа Македонија во примената на вештачката интелигенција, на скала од еден до пет, Гроздановски оцени дека земјата е на ниво три, посочувајќи дека процесите се започнати и дека е воспоставена основа за понатамошен развој.
Целиот разговор е на линкот https://youtube.com/shorts/LGExYigW08g