„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска и министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски присуствуваа на свеченото отворање на саемот Енерго Технома 2026.
Министерот Андоновски посебно се осврна на клучната улога која ја имаат европските дигитални хабови, меѓу кои е и ДигитМАК, со Стопанската комора како еден од партнерите, кои овозможуваат пристап до лаборатории, универзитетско знаење и стручна помош за дигитализација што компаниите тешко би ја обезбедиле самостојно.

Посочи дека особена вредност има пристапот „тестирај пред да инвестираш“, затоа што е многу едноставен и многу практичен: пред да се вложи во систем за автоматска контрола на квалитет, компанијата преку него може да провери како ќе работи со нејзините производи и податоци. Пред поголема инвестиција во автоматизација, може да ги оцени очекуваните заштеди и промените што ќе бидат потребни во работата.
Услугата „тестирај пред да инвестираш“ ќе биде во фокусот на конференцијата Manufacturing 2026 утре, со почеток од 11:00 часот.