„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од групациите

MicroBalkans 2026: Кредитирањето се менува. Западен Балкан ја отвора следната дискусија во Скопје

16.09.2026

| Новости

Третото издание на регионалната конференција MicroBalkans, по Сараево и Дубровник, на 24 и 25 септември ќе се одржи во Скопје. Конференцијата е во организација на Групацијата на небанкарски финансиски институции и штедилниците членки на Стопанската комора на Северна Македонија..

Во разговорот со Антонета Манова Ставрески, проектен менаџер во Комората, претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија, Бранко Азески, се осврна на развојот на иницијативата за регионално поврзување на небанкарските финансиски и микрокредитни организации.

Иницијативата започна како регионално здружување на групациите од Западен Балкан, со учество и на Хрватска, а денес прерасна во поширока платформа која ги поврзува банките, небанкарските финансиски институции, осигурителните и лизинг-компаниите, финтек-секторот, регулаторите и меѓународните и развојните финансиски институции.

Под мотото „Lending Reimagined“, MicroBalkans 2026 ќе собере повеќе од 200 учесници од над 15 земји. Во фокусот ќе бидат иднината на кредитирањето, дигитализацијата, вештачката интелигенција, кредитниот скоринг, пристапот до капитал и новите модели на финансирање. Манова Ставрески истакна дека конференцијата денес има холистички пристап кон финансискиот систем, со цел различните сегменти да се поврзат и да се создадат нови можности за развој и пристап до финансии во регионот.

Целиот разговор на линкот https://youtube.com/shorts/3RuulwISOr0