„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Интернационална конференција за логистика и транспорт

07.08.2026

| Новости

Хрватската стопанска комора организира конференција Logistics and Transport Day која ќе се одржи на 20 октомври 2026 година во х. „Вестин“ во Загреб, водечки регионален настан што ги обединува експертите од логистиката, транспортот, инфраструктурата, трговијата, технологијата и индустријата, со цел да се дискутира за иднината на европските синџири на снабдување и транспортни коридори.

Во фокусот на овогодинешното издание на Logistics and Transport Day ќе бидат: отпорноста на синџирите на снабдување, дигитализацијата на логистиката, интермодалниот транспорт, геополитичките предизвици и новите технолошки решенија што го трансформираат транспортниот и дистрибутивниот сектор.
Покрај програмата на конференцијата, ќе се одржат и EXPO зона и организирани B2B состаноци.
 
Конференцијата е наменета за:

-        логистички и транспортни компании

-        производители и дистрибутери

-        малопродажен и HoReCa сектор

-        ИТ и вештачка интелигенција компании

-        пристанишни и железнички оператори

-        компании за воздушен товар

-        институции и инвеститори

-        експерти за синџири на снабдување и инфраструктура

 
Повеќе информации за настанот ќе најдете овде https://www.hgk.hr/logistics-and-transport-day-2026