„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Избран нов претседател на Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва

18.05.2026

| Новости

 На седницата одржана на 14 мај 2026 година, Асоцијацијата на осигурително-брокерски друштва ја избра Елена Тодорова за нов претседател на Асоцијацијата, откако мандатот на претходното претседателство истече.

Програмата за следниот двегодишен период ја има визијата за силна, професионална и проактивна асоцијација која активно ги штити економските интереси на секој осигурителен брокер во Северна Македонија — преку институционална моќ, правна експертиза и обединета акција.

 

Со мотото „Посилни брокери – заштитена професија – подобар пазар“, Тодорова ја презентираше својата програма, која се темели на следните столбови:

- Заштита на провизијата преку барање за измена на договорите за соработка со осигурителните компании

- Позиционирање на Асоцијацијата како силна лобистичка организација

- Воспоставување на професионален етички кодекс

- Подобрување на пазарната позиција на брокерите и едукација на клиентите.

Новото претседателство ќе ги продолжи досегашните активности и ќе работи на подигање на работата на Асоцијацијата на повисоко ниво. Програмата започнува со план за акција во првите 100 дена.

Елена Тодорова е осигурителен брокер со 21 година практично искуство. Досега активно учествуваше во работата на Асоцијацијата и беше дел од повеќе претседателства.