„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Од асоцијациите

Едукативна работилница на тема „Механизми за осигурување на трговијата“ - соработка на Здружението на финансиските организации и Македонската банкарска асоцијација

 Во рамките на Глобалната недела на парите, која се одбележува во Северна Македонија, на 17 март по иницијатива на Комисијата за документарно работење (КДР) при Македонската банкарска асоцијација (МБА), а во соработка со Здружението на финансиските организации при Стопанската комора на Северна Македонија, се одржа едукативна хибридна работилница на тема „Механизми за осигурување на трговијата“.

Предавач на работилницата беше Митко Теохаров, осигурителен брокер со долгогодишно искуство во индустријата.
Главната цел на настанот беше да се едуцираат вработените во банкарскиот сектор за улогата и примената на осигурувањето во трговските трансакции, со посебен акцент на документарното банкарско работење. На работилницата присуствуваа околу 30 лица од сите банки во Северна Македонија.
На работилницата се дискутираа следните клучни теми:
  • Важноста на осигурувањето во комерцијалните зделки 
  • Споредба помеѓу домашната законска регулатива и меѓународните практики за осигурување на стоки 
  • Улогата на полисата/сертификатот за осигурување во однос на другата (не)комерцијална документација што се презентира по банкарски гаранции, документарни акредитиви и инкасо-наплати 
  • Практични примери од реалната пракса за осигурување на извоз од Северна Македонија и увоз во земјата 
  • Осигурување во специфични ситуации и клаузули (санкции, стоки со двојна намена, виша сила и сл.) 
  • Дигитализација на осигурувањето на глобално ниво, тековна состојба во Северна Македонија и идни планови за развој 
  • Потребата од измени во законската регулатива за да се овозможи воведување и проширување на дигиталните форми на осигурување во домашната пракса.
Со овој настан, Здружението на финансиските организации при Стопанската комора и Македонската банкарска асоцијација (МБА) ја реализираа својата втора заедничка соработка во текот на 2026 година.