„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата, по скратена постапка

29.06.2026

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на предложените измени и дополнувања на Законот за изменување и дополнување на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата е негово усогласување со Законот за организација и работа на органите на државната управа („Службен весник на Република Македонија“ бр. 58/00, 44/02, 82/08, 167/10, 51/11 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 96/19, 110/19 и 121/24). Со последните измени на овој закон Министерството за економија се дефинира како Министерство за економија и труд. Исто така, предложените измени и дополнувања на Законот за испитување и жигосување, односно обележување на огненото оружје и муницијата е и заради усогласување со амандманите XXXIII, XXXIV, XXXV и ХХХVI на Уставот на Република Македонија и Уставниот закон за спроведување на амандманите од XXXIII до XXXVI на Уставот на Република Македонија, што претставува законска обврска. Со предложените измени и дополнувања се соодветно направени измени и дополнувања и тоа :- во деловите каде се наведува името на државата како дел од називот на институцијата и во сите делови на законот каде што името на државата е утврдено како дел од неговиот нормативен текст; 2 - во деловите кои се однесуваат на промена на името на надлежната институција Министерството за економија чија промена во називот се утврдени од Владата. -во текстот каде се наведени зборовите огнено оружје и муниција, по зборовите огнено оружје се додаваат зборовите главни делови на огненото оружје.-имплементација на ЕУ директивите во деловите кои се однесуваат на дефиниции, постапките за обележување, жигосување и примена на Меѓународни стандарди.