„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани за справување со ценовната криза, по скратена постапка

08.05.2026

 Предлагачи се група пратеници.

 

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Цел на Предлог законот е обезбедување на финансиска поддршка на најранливите категории на граѓани во услови на криза и постојано зголемување на цените на основните прехранбени производи, со цел полесно справување со ценовните шокови и последиците кои кризата ги носи.