„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Закони и прописи

Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги

12.06.2025

 Предлагач е Владата на РСМ.

II. ЦЕЛИ, НАЧЕЛА И ОСНОВНИ РЕШЕНИЈА НА ПРЕДЛОГОТ НА ЗАКОН Целта на овој Предлог на закон за изменување и дополнување на законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги е усогласување на домашното законодавство со Регулативата (ЕУ) 2024/1183 на ЕВРОПСКИОТ ПАРЛАМЕНТ И НА СОВЕТОТ OД 11 АПРИЛ 2024 година за изменување на Реулативата (ЕУ) бр. 2014/910 во однос на воспоставување на европска рамка за дигитален идентитет. Предлогот на закон има за цел да обезбеди модерна, јасна и усогласена правна рамка за електронска идентификација, електронски документи и доверливи услуги, соодветна на најновите европски стандарди воспоставени со Регулативата eIDAS 2.0 (2024/1183). Основните начела врз кои се засноваат предложените решенија се принципите на правна сигурност, транспарентност, доверливост, заштита на личните податоци, сајбер безбедност и дигитална инклузија. Во таа насока, клучните решенија предвидени со законот опфаќаат воспоставување на правен основ за воведување на Паричник за дигитален идентитет, како и на нови доверливи услуги, вклучувајќи електронска потврда на атрибути, електронски записник, како и управување со создавање на електронски потписи и печати на далечина. Со овие решенија, законот ќе придонесе кон зајакнување на довербата во електронските услуги, ќе ги олесни електронските трансакции и ќе ја забрза дигиталната трансформација на државата во согласност со современите трендови и практики.

Дополнително, предлог измените и дополнувањата на Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги се во согласност со Реформската Агенда за Западен Балкан на Европската Унија. Имплементацијата на Паричникот за дигитален идентитет е дел од индикативната листа на приоритетни проекти.