„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

“Takt-Time, KANBAN и производни КПИ” - Мониторирање и интервенции на ефикасност и квалитет со континурано подобрување – 8-9.07.2026 година

23.06.2026 - 08.07.2026 , Обука

сала 3, 3 кат Стопанска комора на Северна Македонија

Мерливост и следливост, кај секоја производствена компанија се неопходни за успешна работа. Соодветното организирање на мерењата и поставување на систем за следливост резултира со соодветни и оптимални цели во компаниите. Ваквиот коректен мониторинг доведува до превовремени реакции за превенирање или корегирање на:

-        Тесни грла

-        Неефикасностност

-        Загуби

-        Неопходни подобрувања

-        Подобрувања пред да дојде до неаскани настани и сл.

Со правилна употреба на техниките за поставување на “Такт-Време“ и “KANBAN” се постигнува подобра поставеност на сите работни позиции, а со тоа и подигнување на квалитетот на работните места, преку:

-        Соодветни нормативи

-        Оптимални норми

-        Подобрена комуникација меѓу секторите – Производство, Квалитет, Одржување, Набавки и Логистика

-        Поставување на вистински потребни КПИ – мерливи и со јасно значење

Овие техники мора да им се разбирливи и познати на раководните структури, со цел соодветно објаснување и поставување на истите на извршно ниво.

Добрите пракси докажале дека примена на овие техники со поедноставување, детализирање и јасност при дефинирање, опишување и пренесување на информациите гарантираат подобрувањето на работната култура.

Со намера да понуди дополнителни знаења за ефикасно поставување на методологиите кои создаваат “Мониторирање и интервенции на ефикасност и квалитет со континурано подобрување“, Стопанската комора на Северна Македонија на 8 и 9 јули 2026 година организира обука на тема: “Takt-Time, KANBAN и производни КПИ”, која ќе се фокусира на овие важни методи за обезбедување стабилен и одржлив развој на секоја организација.

За кого е наменета обуката:

Обуката е наменета за сопственици, управители, високо и средно ниво на раководство, кои имаат одлучувачка и организациска улога за подобрување и оптимизирање на процесите, оперативните процедури и работните постапки. Пристапот и примерите се најсоодветни за производствени компании.

 
Придобивки од обуката:

·        Стекнување со нови знаења за подобрување на ефикасноста на тимската работа

·        Јасна едноставност за подобрување на ефективноста на работните тимови

·        Поддршка на следливоста во работењето

·        Поддршка на култура на континуирано подобрување

·        Оспособување за дополнителни знаења од повисоко ниво, врз основа на докажани добри пракси

 
 
ПРОГРАМА:
 

       I.          Сесија 1 – Такт-Време

            Запознавање со техниката
            Практична примена и калкулатори
 

     II.          Сесија 2 – KANBAN

            Повлекување на проток

            Препреки за соодвтена примена на KANBAN

            Вежба и дискусија

           

    III.          Сесија 3 Поврзување на техниките

            Такт-Време и KANBAN

            Влијание на Продукциски КПИ

            Креација, Разбирање и Презентација на КПИ за производство 

   IV.          Сесија 4 Како до “KAIZEN”

            Креација, Разбирање и Презентација на КПИ за п

            Кои се препреките за правилно дефинирање на продукциски КПИ

            Вежба и дискусија
 
Предавач:
 
- Коста Петровски е динамичен и ориентиран кон резултати професионалец со повеќе од 29 години искуство во лидерство, извршно управување со производство и индустриски операции.

Докажана експертиза во водење на меѓуфункционални тимови, имплементирање на LEAN методологии и оптимизирање на перформансите преку OEE и KPI стратегии.

Силен комуникатор со GENBA-ориентиран начин на размислување, фокусиран на донесување одлуки засновани на факти, континуирано подобрување и практичен стил на лидерство.

 
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:    
  • работни материјали во електронска верзија;
  • ручек и освежување
  • сертификат за учество на обуката.


Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 06.07.2026 година.


Контакт лица:

 м-р Михајло Донев                                                                 

Телефон: 02 32 44 067                                                        

mihajlo@mchamber.mk                                                        

             

 м-р Анита Рафајловска                                                   

Телефон: 02 32 44 057