„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.05.2026 - 20.05.2026 , Обука
сала 1, 5-ти кат Стопанска комора на Северна Македонија
Во услови на брзи промени, зголемена комплексност и постојани нови очекувања од клиентите, вработените и пазарот, компаниите и професионалците сè почесто се соочуваат со предизвици за кои класичните решенија повеќе не функционираат. Недоволно јасно дефинирани проблеми, решенија базирани на претпоставки, отпор кон промени и недостиг од креативни, но применливи идеи се реалност во секојдневното работење на тимовите.
· разбирање и правилно дефинирање на проблемите,
· користење на „How might we...“ пристап за формулирање предизвици,
· генерирање креативни и одржливи идеи преку тимска работа,
· брзо прототипирање и тестирање на решенија,
· примена на Design Thinking во секојдневната работа, без разлика на улогата или индустријата.
· Вработени од приватен и јавен сектор
· Менаџери и тим лидери
· HR и L&D професионалци
· Вработени во маркетинг, продажба и customer experience
· Претприемачи и стартап тимови
· Секој што се соочува со комплексни проблеми и сака практична алатка, не теорија
✅ Ќе научите структуриран начин на размислување
✅ Ќе добиете алатки што може веднаш да ги примените
✅ Ќе искусите тимска креативна работа
✅ Ќе научите како да поставувате подобри прашања („How might we…“)
✅ Ќе ја зголемите самодовербата во решавање проблеми, вашата и на вашите колеги/шки
✅ Секој заминува со јасен процес, не апстрактна инспирација
Димитрија Ристевски е HR професионалец со искуство стекнато во повеќе реномирани македонски компании, но со посебен фокус на креирање на позитивна организациска култура, развој на лидерски капацитети, креирање програми за учење и развој на вработени, како и, менаџирање на перформансите на вработените. Тој исто така е Сертифициран коуч за личен раст и развој, со богато искуство во индивидуален и тимски коучинг, насочен кон градење самосвесност, лидерска зрелост и одржлив професионален развој..
Како обучувач и фасилитатор, има реализирано над 200 обуки на повеќе од 40 различни теми од областа на менаџмент, лидерство и меки вештини, работeјќи со тим лидери, менаџери и извршни тимови од различни индустрии. Неговиот пристап се базира на практична примена, интеракција и реални деловни ситуации, со цел создавање трајни промени во однесувањето и лидерскиот стил и ги комбинира современите HR практики, коучинг методологии и реални организациски предизвици. Неговата мисија е да им помогне на лидерите и организациите да создадат ефективни, мотивирани и одржливи тимови, подготвени за динамиката на модерното работење.
За сите учесници на обуката ќе биде обезбедено:
Сите заинтересирани за учество да се пријават најдоцна до 19 мај 2026 година.