Соработката помеѓу приватниот сектор и високо образовните институции е императив во продуцирањето на компетентен кадар кој со своите знаења и вештини кој брзо и ефикасно ќе се интегрира во работната средина и ќе придонесува кон создавање на нови вредности. Водени од потребата за градење на синергија помеѓу науката и бизнисот, преку поврзување на студентите како иден кадар со компаниите како работодавци, во организација на Центарот за кариера и развој при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, Советот за унапредување на високото образование и стратешки истражувања при Стопанската комора на Северна Македонија и Општина Штип, ни претставува чест и задоволство да ве поканиме да учествувате на „Отворен и кариерен ден на УГД“ кој ќе се одржи на 22 април 2026 година, на шеталиштето во центарот на Штип (ул. Ванчо Прќе) со почеток од 11:00 часот.
На отварањето на настанот обраќања ќе имаат проф. д-р Дејан Мираковски, ректор на УГД, м-р Иван Јорданов градоначалник на општина Штип и д-р Татјана Штерјова-Душковска, оперативен директор за развој, иновации и знаење при Стопанската комора.
Овој настан претставува значајна платформа за соработка помеѓу академската заедница и деловниот сектор, овозможувајќи им на студентите пристап до можности за професионален развој, практикантски ангажмани и насочување во кариерата.,
Компаниите кои ќе земат учество ќе имаат можност да постават штандови, каде што нивните претставници ќе можат:
- Да ги презентираат отворените работни позиции;
- Да ги претстават програмите за практиканство и стажирање,
- Да промовираат можности за идни соработки со студентите и факултетите.
Учеството на настанот за компаниите, вклучително и користењето на штанд е без надомест. Секоја компанија ќе има означена локација за позиционирање.
За успешно претставување, препорачуваме секоја организација да обезбеди соодветен промотивен материјал. Претставување со брендиран штанд, промотивни банери и други визуелни елементи, ќе придонесе за поголема видливост и истакнување на вашата организација.
Напомена: Компаниите сами го брендираат својот штанд и назначуваат лица одговорни за презентација на компанијата. Доколку немаат свој штанд, Универзитетот стои на располагање да обезбеди простор-клупа.
Специјална понуда за зголемена корпоративна видливост:
Во рамки на настанот, постои можност за ваше вклучување како стратешки партнери и спонзори за обезбедување превоз на ученици од други градови до настанот и назад, како би обезбедиле поголема инклузивност и посетеност на настанот. Стратешките партнери добиваат:
- Централно позициониран изложбен простор со зголемена површина за презентација;
- Поставуавње на брендирани материјали (банери, постери, промотивни штандови) на стратешки локации во рамки на настанот
- Приоритетно истакнување на логото на организацијата, во сите комуникациски канали на Универзитетот (веб-страница и социјални мрежи)
- Посебен простор во официјалната програма за презентација на организацијата
- Медумска покриеност со можност за учество во интервјуа и репортажи поврзани со настанот.
Ве молиме вашето присуство да го потврдите најдоцна до 01.04.2025 година на следните контакт лица: м-р Михајло Донев, претседател на Советот за унапредување на високото образование, e-адреса:
mihajlo@mchamber.mkи
ckr@ugd.edu.mk