„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Семинар

Еднодневен семинар на тема: ДИСКРИМИНАЦИЈА И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО – ПРЕВЕНЦИЈА, ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ЗАШТИТА - Правни механизми против дискриминација и мобинг (законска рамка, практична примена и судска заштита)

26.02.2026 - 26.03.2026 , Семинар

Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат

Во услови на зголемена свесност за човековите права, корпоративната одговорност и обврската за создавање безбедна и достоинствена работна средина, прашањата поврзани со дискриминација и мобинг стануваат стратешки приоритет за секоја организација – без разлика дали станува збор за јавен или приватен сектор.

За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 26 март 2026 година ве поканува на еднодневен семинар на тема: ДИСКРИМИНАЦИЈА И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО – ПРЕВЕНЦИЈА, ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ЗАШТИТА - Правни механизми против дискриминација и мобингаконска рамка, практична примена и судска заштита) -

 кој нуди сеопфатен и практичен пристап кон:

  • домашната законска рамка,
  • компаративните решенија од земјите од Западен Балкан;
  • европското антидискриминациско право и
  • препознавање, превенција и правна заштита од мобинг и дискриминација.
Зошто е важно да присуствувате?

✔ Затоа што одговорноста на работодавачот е законска, но и репутациска.

✔ Затоа што непостапувањето може да резултира со судски постапки, финансиски последици и нарушена организациска култура.

✔ Затоа што раководителите, HR службите и правните оддели мора да знаат како да постапуваат навремено и правилно.

✔ Затоа што превенцијата е секогаш поевтина и поефикасна од судска постапка.

Семинарот ќе понуди јасно разграничување помеѓу мобинг и дискриминација, детална анализа на видовите и фазите на мобинг, начините на докажување и товарот на докажување, како и конкретни насоки за правна заштита.
 
За кого е наменет семинарот?
 
✔ Раководители и менаџери;

✔ HR менаџери и служби за човечки ресурси;

✔ Правни служби;

✔ Претставници на јавни институции и јавни претпријатија;

✔ Синдикални претставници;

✔ Лица задолжени за усогласеност и етика.

АГЕНДА:

09:45 – 10:00
Регистрација на учесниците

10:00 – 11:00

·        Домашна законска рамка од областа на дискриминација и вознемирување на работно место („мобинг“);

·        Компаративни законски решенија во земјите од Западен Балкан;

·        Европско антидискриминациско право.

11:00 – 11:15
Пауза за кафе

11:15 – 12:30

·        Мобинг – дефиниција и почетоци на научна и стручна анализа;

·        Видови мобинг;

·        Препознавање на мобинг и неговите елементи;

·        Причини, фази и последици од мобинг;

·        Дискриминација – дефиниција;

·        Видови дискриминација;

·        Вознемирување;

·        Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација;

·        Докажување и товар на докажување.

12:30 – 13:00
Пауза за ручек

13:00 – 14:30

·        Правна заштита од дискриминација и мобинг;

·        Тужби и судска постапка;

·        Групни вежби;

·        Анализа на домашна и меѓународна судска пракса.

14:30 – 15:00
Прашања и дискусија

15:00 – 15:30
Евалуација и доделување сертификати

Предавачи:
 

-        Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право

-         Од 2012 година па до денес, континуирано во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ, е вклучена во проекти од областа на дискриминацијата кои опфаќаат учество во советувања, предавања во почетна и континуирана настава на судии и јавни обвинители, а како национален експерт учествува како коавтор на стручните трудови :

-         ПРАКТИКУМ на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во 2014 година

-        КОМЕНТАР на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во декември 2024 година

-        НАСОКИ за одредување надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација (коавторски стручен труд на национални експерти, претставени на Мисиите на ОБСЕ за Западен Балкан/ Република Северна Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина) промовиран во РСМ во ноември 2025 година.

 
За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:
 

·        работен материјал доставен електронски;

·        ручeк и освежување;

·        сертификат за присуство на семинарот.   

Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24.03.2026 година.


Контакт лица:

м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова,     

телефон: 02 32 44 074