„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
18.03.2026 - 21.04.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 4 на 5-ти кат
„Од разговор до профит – научи како!“
Стопанската комора на Северна Македонија во соработка со D.R Gilbert Centar Group ДОО Белград, Р.Србија, на 21 април 2026 година, организира еднодневна специјалистичка обука на тема: ПРЕГОВАРАЧКИ ВЕШТИНИ И АЛАТКИ КАКО ЕФИКАСНО СРЕДСТВО ВО ПРОДАЖБА, НАБАВКА И МЕНАЏМЕНТ.
Во услови на економска неизвесност и зголемен притисок врз трошоците и профитот, секоја одлука станува клучна – а секој преговарачки процес може да направи значајна разлика. Компаниите кои знаат како стратешки да преговараат не само што опстојуваат, туку и создаваат конкурентска предност.
Токму затоа, вештината на преговарање денес не е избор, туку неопходност. Таа директно влијае врз приходите, заштедите во набавката, управувањето со ризици и градењето долгорочни деловни односи.
Овој семинар нуди практичен пристап за развој на преговарачки вештини кои веднаш може да се применат во реални деловни ситуации. Ќе научите како да постигнете подобри договори, да ги заштитите интересите на компанијата и да изградите стабилни партнерства – дури и во најпредизвикувачки економски услови.
❗ Дали губите профит во преговори без да сте свесни?
❗ Дали попуштате повеќе отколку што треба?
👉 Време е да го смените тоа.
Со оваа обука ќе научите како да:
✔ Постигнувате подобри договори и повисоки резултати
✔ Преговарате самоуверено и стратешки
✔ Го зголемите влијанието во продажбата и набавката
✔ Претворите го секој преговарачки процес во WIN-WIN исход
👉 Направете преговорите да работат во ваша корист!
МОДУЛ 1 – Клучни фази на преговарачкиот процес и како да ги водите
МОДУЛ 2 – Како ефикасно да управувате со преговарачкиот процес
МОДУЛ 3 – Како успешно да преговарате според ситуацијата и да ги финализирате преговорите
Драгиша Ристовски (D.R. Gilbert) е еден од највлијателните и најплодните автори и тренери на теми поврзани со едукација и равој на човечки ресурси. Под псевдонимот D.R. Gilbert се објавени 23 книги (со дополнителни изданија) кои се преведени на шест јазици и пласирани преку 200.000 примероци. Во својата кариера имал прилика да одржи повеќе од 3000 обуки, семинари, работилници и конференциски настапи на кои земале учество преку 2500 компании, микро, мали и средни претпријатија од сите индустрии од десетина држави.
Има 30 години искуство во реалниот сектор од извршителски до топ менаџерски функции. Негови експертизи се областите лидерство, продажни вештини, преговарање и мотивација на вработените, а предавањата се на автентичен, исклучително енергичен начин со што константно ги мотивира и охрабрува слушателите.
Основач е и сопственик на D.R. Gilbert centar group во кој работат и:
* Академија за бизнис знаење и вештини D.R. Gilbert со 8 студиски програми;
* Агенција за човечки ресурси HR Professional Solution;
* Издавачка куќа D.R. Gilbert books;
* D.R. Gilbert Consulting и тренинг;
* Бизнис апликација Take It;
* Конференциски бренд „Poslovanje sa svrhom“
* Во 2022 година отвара свое преставништво во Ровињ, Р.Хрватска.