„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
26.02.2026 - 26.03.2026 , Семинар
Стопанска комора на Северна Македонија, сала 1 на 5-ти кат
Во услови на зголемена свесност за човековите права, корпоративната одговорност и обврската за создавање безбедна и достоинствена работна средина, прашањата поврзани со дискриминација и мобинг стануваат стратешки приоритет за секоја организација – без разлика дали станува збор за јавен или приватен сектор.
За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 26 март 2026 година ве поканува на еднодневен семинар на тема: ДИСКРИМИНАЦИЈА И ВОЗНЕМИРУВАЊЕ НА РАБОТНОТО МЕСТО – ПРЕВЕНЦИЈА, ПРЕПОЗНАВАЊЕ И ЗАШТИТА - Правни механизми против дискриминација и мобинг (законска рамка, практична примена и судска заштита) -
кој нуди сеопфатен и практичен пристап кон:
✔ Затоа што одговорноста на работодавачот е законска, но и репутациска.
✔ Затоа што непостапувањето може да резултира со судски постапки, финансиски последици и нарушена организациска култура.
✔ Затоа што раководителите, HR службите и правните оддели мора да знаат како да постапуваат навремено и правилно.
✔ Затоа што превенцијата е секогаш поевтина и поефикасна од судска постапка.
✔ HR менаџери и служби за човечки ресурси;
✔ Претставници на јавни институции и јавни претпријатија;
✔ Лица задолжени за усогласеност и етика.
09:45 – 10:00
Регистрација на учесниците
10:00 – 11:00
· Домашна законска рамка од областа на дискриминација и вознемирување на работно место („мобинг“);
· Компаративни законски решенија во земјите од Западен Балкан;
· Европско антидискриминациско право.
11:00 – 11:15
Пауза за кафе
11:15 – 12:30
· Мобинг – дефиниција и почетоци на научна и стручна анализа;
· Видови мобинг;
· Препознавање на мобинг и неговите елементи;
· Причини, фази и последици од мобинг;
· Дискриминација – дефиниција;
· Видови дискриминација;
· Вознемирување;
· Повикување, поттикнување и инструкција за дискриминација;
· Докажување и товар на докажување.
12:30 – 13:00
Пауза за ручек
13:00 – 14:30
· Правна заштита од дискриминација и мобинг;
· Тужби и судска постапка;
· Групни вежби;
· Анализа на домашна и меѓународна судска пракса.
14:30 – 15:00
Прашања и дискусија
15:00 – 15:30
Евалуација и доделување сертификати
- Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право
- Од 2012 година па до денес, континуирано во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ, е вклучена во проекти од областа на дискриминацијата кои опфаќаат учество во советувања, предавања во почетна и континуирана настава на судии и јавни обвинители, а како национален експерт учествува како коавтор на стручните трудови :
- ПРАКТИКУМ на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во 2014 година
- КОМЕНТАР на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во декември 2024 година
- НАСОКИ за одредување надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација (коавторски стручен труд на национални експерти, претставени на Мисиите на ОБСЕ за Западен Балкан/ Република Северна Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина) промовиран во РСМ во ноември 2025 година.
· работен материјал доставен електронски;
· ручeк и освежување;
· сертификат за присуство на семинарот.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 24.03.2026 година.