„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

CONTENT REPURPOSING: КАКО ЕДНА КАМПАЊА ДА ЈА ПРЕТВОРИТЕ ВО МЕСЕЦИ СОДРЖИНА – 15.10.2025 година

29.09.2025 - 14.10.2025 , Обука

Сала 1, 5-ти кат, Стопанска комора на Северна Македонија

Конзистентноста и континуитетот во креирањето на содржина во денешно време се клучни фактори за остварување на долгорочни врски и ефикасна комуникација со целната публика. Потребата за содржина на публиката постојано расте, а со тоа и неопходноста за помасовна и поредовна продукција на содржини. Со правилна методологија, една кампања може да се претвори во десетици содржински парчиња - од статични објави, преку видеа и reels, до инфографици, статии или email њузлетери.          

Во насока на пренесување на овие знаења за ефикасно управување со маркетинг кампањите, Стопанската комора на Северна Македонија на 14 октомври 2025 година го организира семинарот: „Content Repurposing: Како една кампања да ја претворите во месеци содржина“ кој во себе ја носи филозофијата на модерниот маркетинг, а тоа е потпирање на стратегија на паметно пренаменување на содржини.

Овој пристап на прилагодување на содржина им го олеснува на компаниите и организациите процесот на креирање на нови парчиња содржина, им обезбедува конзистентност и континуитет на долг рок, во исто време задржувајќи ги бренд идентитетот, тонот на комуникација и насоката на комуникација на брендовите.

Семинарот е наменет за маркетери, претприемачи и креатори на содржина кои сакаат да ја зголемат видливоста и долготрајноста на своите кампањи преку стратешко реупотребување на содржината.

Главната цел на семинарот е да се прикаже процесот преку кој од една креативна идеја, може да се извлече максимална вредност и да се создадат повеќе формати на содржина прилагодени за различни канали, целни групи и маркетинг цели.

По завршувањето на сесијата, учесниците ќе бидат подготвени да:

  • препознаат кои елементи од кампањата може да се реупотребат,
  • употребат техники и методи за пренамена за да ја преработат селектираната содржина,
  • да адаптираат содржина за различни канали според потребите и интересите на целната публика (Instagram, LinkedIn, TikTok, Newsletter, Blog и сл.),
  • да ја распоредат содржината во календар за повеќемесечна комуникација,
  • да создадат уникатен систем со кој еден проект ќе носи подолготрајна вредност.

Семинарот е соодветен за претставници на комуникациски и маркетинг сектори. Посетителите е неопходно на семинарот да понесат лап топ за активно учество во праткитчниот дел.

ПРОГРАМА

I дел: Основи на Content Repurposing

·        Што значи пренаменување на содржина?

·        Зошто брендовите во светот започнуваат да пренаменуваат?

·        Зошто пренаменување не е исто со реобјавување на содржина?

·        Како пренаменувањето влијае на перцепцијата за брендот?

II дел: Процес на пренамена на содржина

·        Анализа на кампања – селекција на клучни пораки

·        Дефинирање на content pillars (столбови на комуникација)

·        Дефинирање на формати на содржина

·        Развој на комуникациски план

·        Студија на случај: Комуникациски план со пренаменета содржина

III дел:Техники за пренамена на содржина

·        Развој на содржини од промотивно видео

·        Развој на содржини од блог пост

·        Развој на содржини од Instagram пост

·        Алатки за автоматизација и организација на содржини

IV дел: Практична примена на Content Repurposing

·        Практична вежба: Изработка на Content Repurposing кампања за сопствен бренд

·        Фидбек сесија и насоки за унапредување

Предавач:  

- Ива Дујак Ѓурѓиќ e Доктор на науки од областа на маркетингот, со специјализација дигитален маркетинг. Основач и директор на маркетинг агенцијата MOVEMENT, маркетинг експерт со повеќе од 16 години работно искуство во развој на стратегии и кампањи за бројни интернационални и локални брендови.

За сите учесници на семинарот ќе биде обезбедено:

-        работни материјали во електронска верзија;

-        ручeк и освежување;

-        сертификат за учество на семинарот.

 
Последен рок за пријавување: 13 октомври 2025 година.

Контакт лица:

 м-р Михајло Донев

Телефон: 02 32 44 067 

mihajlo@mchamber.mk                                                        

 

м-р Елизабета А. Ефтимова

Телефон: 02 32 44 074