„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
23.04.2026 - 14.05.2026 , Webinar
он-лајн
Во услови на засилен инспекциски надзор и сè почести пријави за вознемирување, работодавачите имаат директна законска обврска да обезбедат заштита од дискриминација и мобинг. За таа цел Стопанската комора на Северна Македонија на 14 мај 2026 година Ве поканува на еднодневен „он-лајн“ семинар на тема: ЗАКОНСКИ ОБВРСКИ НА РАБОТОДАВАЧИТЕ ЗА СПРЕЧУВАЊЕ НА ДИСКРИМИНАЦИЈА И МОБИНГ, ОБВРСКИ И РИЗИЦИ ЗА РАБОТОДАВАЧИТЕ. Како да избегнете казни, тужби и инспекциски санкции ?
Непостапувањето може да резултира со:
ЗАДОЛЖИТЕЛНИ ЕЛЕМЕНТИ КОИ КОМПАНИИТЕ ТРЕБА ДА ГИ ИМААТ:
✔ Затоа што одговорноста на работодавачот е законска, но и репутациска.
✔ Затоа што непостапувањето може да резултира со судски постапки, финансиски последици и нарушена организациска култура.
✔ Затоа што раководителите, HR службите и правните оддели мора да знаат како да постапуваат навремено и правилно.
✔ Затоа што превенцијата е секогаш поевтина и поефикасна од судска постапка.
Семинарот ќе понуди јасно разграничување помеѓу мобинг и дискриминација, детална анализа на видовите и фазите на мобинг, начините на докажување и товарот на докажување, како и конкретни насоки за правна заштита.
✔ HR менаџери и служби за човечки ресурси;
✔ Претставници на јавни институции и јавни претпријатија;
✔ Лица задолжени за усогласеност и етика.
09:45 – 10:00 Регистрација на учесниците
• Европско антидискриминациско право и компаративни решенија
11:00 – 11:15 Пауза за кафе
12:30 – 13:00 Пауза за ручек
14:30 – 15:00 Прашања и дискусија
- Судија Лидија Димова (во пензија), работното искуство го започнува во 1983 година како приправник и стручен соработник во поранешниот во тогаш специјализираниот суд за работно право - Суд на здружен труд - Скопје, одделение Велес. Во 1986 е избрана за судија во Основниот суд Велес од кога се до 2019 година (кога е избрана за Претседател на Основниот суд Велес) во континуитет како граѓански судија постапува и по предмети од работни односи. Како Претседател на судот заминува во пензија во декември 2023 година. Од 2006 година од кога е основана Академијата за судии и јавни обвинители “Павел Шатев“ Скопје, таа е редовен и сега актуелен предавач на континуирана и почетна обука на теми и од областа на работни односи. На покана на Комората на извршители, Нотарската Комора, Здружение на правници и други организатори, предавач е и од областа на работни односи и други области од граѓанското право
- Од 2012 година па до денес, континуирано во соработка на Академијата за судии и јавни обвинители и Мисијата на ОБСЕ, е вклучена во проекти од областа на дискриминацијата кои опфаќаат учество во советувања, предавања во почетна и континуирана настава на судии и јавни обвинители, а како национален експерт учествува како коавтор на стручните трудови :
- ПРАКТИКУМ на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во 2014 година
- КОМЕНТАР на Законот за спречување и заштита од дискриминација публикуван во декември 2024 година
- НАСОКИ за одредување надомест на нематеријална штета во случаи на дискриминација (коавторски стручен труд на национални експерти, претставени на Мисиите на ОБСЕ за Западен Балкан/ Република Северна Македонија, Република Србија и Босна и Херцеговина) промовиран во РСМ во ноември 2025 година.
· работен материјал доставен електронски;
· сертификат за присуство на семинарот доставен електронски.
Сите заинтересирани учесници можат да се пријават најдоцна до 11.05.2026 година.