„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Конференција

Регионалната конференција за ревизија, усогласеност и управување со ризици– „Моќта на соработката"

07.05.2025 - 20.05.2025 , Конференција

хотел Рогнер, Тирана Албанија

 Со голема чест ве покануваме на меѓународна конференција која е од исклучително значење и  ќе обедини три реномирани институции од областа на надворешната и внатрешната ревизија за неспоредлива размена на знаење и експертиза.

Имено, Стопанската комора на Северна Македонија ја подржува Регионалната конференција за ревизија, усогласеност и управување со ризици, која ќе се оджи на 20 мај 2025 година во хотел Рогнер, Тирана Албанија, насловена како „Моќта на соработката" и истата е  организирана од страна на Здружението на внатрешните ревизори на РС. Македонија, Институтот на овластени ревизори на РС. Македонија и Албанскиот Институт за внатрешна ревизија.

 

Годинашниот настан е особено значаен, бидејќи го одбележува 15-годишното постоење на Институтот за внатрешни ревизори (ИИА) Албанија – важен јубилеј во унапредувањето на ревизорската професија. Професионалци и експерти од целиот свет, заедно со претставници од регионот, ќе се соберат за оваа исклучителна пригода.

Очекувајте врвни говорници, проникливи дискусии и најсовремени увиди кои ќе го обликуваат идниот развој на внатрешната и надворешната ревизија. Без разлика дали сте лидер во индустријата, експерт или професионалец кој сака да го прошири своето знаење и мрежа, ова е настан кој не смее да се пропушти!

Повеќе за говорниците на конференцијата можете дa погледнете на следниве линкови:

 

Забележете го датумот во вашите календари и придружете ни се во срцето на Албанија за едно незаборавно искуство!

 

#TiranaConference2025 #ExternalAuditing #InternalAuditing #IIAAlbania15Years #GlobalExperts #Networking

 

Не ја пропуштајте можноста да присуствувате на нашата претстојна конференција! Регистрацијата официјално завршува на 12 мај, затоа обезбедете си место навреме и истото може да го направите со поплнување на пријавниот лист кој ви го доставувам во прилог или слободно да ме контактирате на долунаведениот контакт.

 

 

 

               


Контакт лица:

 м-р Елизабета Андриевска-Ефтимова

тел:02 32 44 074
моб: 070 239 637                                                                    
е-адреса:beti@mchamber.mk

Календар на настани

„8th International B2B Software Day...

28.04.2025 - 21.05.2025

АМБАСАДОРИ НА СРЕЌАТА - КАКО ДА ГРА...

28.04.2025 - 28.05.2025

CATEGORY MANAGEMENT: СТРАТЕШКО УПРА...

05.05.2025 - 28.05.2025

ISO/IEC 27701:2019-08 - ИНФОРМАТИЧК...

07.05.2025 - 28.05.2025

05.05.2025 - 11.06.2025