„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
05.05.2025 - 28.05.2025 , Конференција
хотел Hills Сараево, Босна и Херцеговина
Во насока на продолжување на иницијативите за унапредување на регионалната соработка и поврзување на компаниите од регион, со поддршка од Институтот за извоз при Стопанската комора на Северна Македонија, а во организација на агенцијата Топ Kом од Босна и Херцеговина ве покануваме да земете учество на Регионаланта конференција и мини-саем: „CATEGORY MANAGEMENT: СТРАТЕШКО УПРАВУВАЊЕ СО АСОРТИМАНОТ ЗА ПОГОЛЕМ УСПЕХ“, која ќе се одржи на 29 мај 2025 година во хотел Hills Сараево, Босна и Херцеговина.
Конференцијата има за цел да ги запознае учесниците со најновите принципи и пракса во категори-менаџмент кои овозможуваат поефикасно донесување одлуки, подобро планирање на просторот и создавање на ефективна промоција, со што се подобрува вкупното искуство на купувачите.
Конференцијата е наменета за професионалци од различни индустрии кои сакаад та ги унапредат своите стратегии и процеси во рамки на Category Management, како што се:
· сите заинтересирани за унапредување на своите деловни процеси и подобрување на искуствата со купувачите
· Унапредување на деловните стратегии преку ефикасно управување со категориите на производи;
· Градење на професионална мрежа со лидерите на индустријата;
· Пристап до стручни предавања и панели со најдобрите експерти во областа на Категори-менаџмент
· Подобрување на искуствата на купувачите преку подобро планирање и оптимизација на просторот.
Во рамки на самата конференција ќе биде организиран мини саем каде пред постојните и потенцијалните клиенти ќе можете да ги преставите новите производи и услуги, земајќи предвид дека на настанот ќе присуствуват категори-менаџери, директори на набавка, сопственици на најголемите ланци на трговски компании од Босна и Херцеговина. За учество на мини-саемот секоја компанија добива простор од 4m2 на кој може да го постави својот штанд и да организира:
- Дегустација на нови производи
- Презентација на нови услуги
- Претставување на производи и услуги преку интерактивна видео презентација
- Промоција преку печатени рекламни материјали
Учество на конференцијата имаат потврдени следните компании од БиХ и регионот: Tropik i Crvena Jabuka, Konzum,Bingo, Nestle, Nescaffe, Onogošt, Mepas, Metalex, Orbico, Fine Food, Đurić, Ataco, Smoki,Boreas, Juicy Menprom,Mandis, BINVest, Kort Marketi, Planet,Nelt, Podravka, Mepas, Amko komerc и др.
Котизацијата за учество на конференцијата и мини-саемот изнесува 750 евра, но за компаниите членки на Стопанската комора овозможена е субвенционирана цена од 600 евра + 17% ДДВ. Пријавувањето е со пополнување на пријавен лист, а уплатата е по добиена фактура директно од организаторот.
- 2 карти за учество на Конференцијата;
- Простор од 4м2 за преставување на мини саемот
- Храна и освежување
- Сертификат за учество
- Подароци од спонзорите на Конференцијата
- Превоз до Сараево
- Ноќевање
Организаторот обезбедува повластени цени за ноќевање во хотелот каде што се одржува конференцијата, по цени од 70 евра за еднокреветна соба на база ноќевање со доручек, односно 85 евра за двокреветна соба на база ноќевање со доручек во хотел Hills Sarajevo https://hotelhills.ba
Пријавувањето на учеството можете да го направите најдоцна до 12.05.2025 година.
Повеќе информации за самата конференција можете да најдете во самата Агенда.
- Проф.д-р Зоран Богетиќ, шеф на катедрата за деловна економија и менаџмент на Економскиот факултет во Белград и прв докторанд на темата: Менаџмент на категории во Адриатик Регионот, долгогодишен консултант и предавач во компаниите Velefarm, Nelt, Metalac AD, Delhaize Serbia, Phoenix и др.
- Саша Марјановиќ, консултант, тренер и колунсита со повеќе од 20 години искуство во продажба и маркетинг за компаниите Samsung, Lili Drogerie, Carlsberg, P&G, како и консултант на компаниите Imlek, Telenor, Heineken и Nelt.
- Миљан Димитријевиќ, основач на Адриатик Бизнис Академијата, со повеќе од 15 години менаџерско искуство и долгогодишно искуство како консултант и предавач во компаниите: Mcdonald’s, Hemel, Stada Hemofarm, Nelt и др.
- Семир Дедиќ, извршен директор на компанијата Techforgelabs, со долгогодишно искуство во ИТ сектор, е-трговија и финансиски сектор.