„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
11.859 ученици во стручно образование или 71,8%, 890 компании вклучени во дуално, 65 средни стручни училишта, 13 428 ученици во дуални паралелки во средните стручни училишта. Ова се фактите со кои Комората го одбележува проектот Образование по мерка на бизнисот како заокружен, кој е еден од трите приоритети на кои СКСМ дава предност во делувањето, заедно со извозот и регионалната соработка.

Целиот процес е дефиниран како „револуција во образованието“, бидејќи податоците што се постигнати навистина укажуваат дека во периодот во кој се преземаа активности, направени се реформски и револуционерни чекори, со кои образовниот систем станува флексибилен и прилагоден на потребите на компаниите. Само така, со стручен кадар по мерка на бизнисот, компаниите можат да постигнуваат резултати и да ги развиваат процесите, што влијае и на продуктивноста и на конкурентноста на стопанството.
Улогата на Комората во процесот е од исклучително големо значење, бидејќи речиси две децении се работи на проблемот со недостиг на кадар и тоа е прашање кое е ставено на пиедесталот, истакна претседателот на СКСМ Бранко Азески. Постигнавме резултати, ги доближивме компаниите да работат директно со училиштата. Иако низ годините имаше и отпор што од незнаење, што од други причини, сепак улогата на Комората како мост даде резултати, вели Азески. Направивме нешто што знаевме дека сме способни и можеме да го направиме. Повеќе од 20 години различни епитети и се давани на Комората, но, ние со аргументи и факти докажавме дека нашата единствена цел е да бидеме во функција на бизнисот и да работиме за нивните приоритети. Образованието е еден од клучните, кој доколку не се случеа разните видови кризи (финансиска, здравствена, енергетска, економска), ќе беше единственото клучно прашање за кое ќе се зборуваше. И само за тоа, вели претседателот на Комората, во своето излагање на настанот.
Министерката за образование д-р Весна Јаневска од настанот порача - заедничката заложба вроди со плод. Средното стручно образование стана најсилната алка во средното образование, бидејќи се соочуваме со недостиг на кадар, но и со млади луѓе. На нашите компании им е потребно да се утврди модел кој функционира. Во процесот на дуалното образование очекувам да расте бројот на нови компании. Бизнис заедницата мислам дека може да даде уште повеќе, гледајќи ги процесите и уште потесно и поинтензивно да соработуваме, посочи министерката Јаневска.
Резултатите од дуалното образование ги поттикна и реформите кои се подготвуваат во високото образование. Министерката најави воведување кратки стручни студии, што треба да и помогне на бизнис заедницата и втор и трет циклус на стручни студии. Се обидуваме да го прилагодиме целото образование за пазарот на труд, за да не ни се случи младите да продолжат да се иселуваат ако заеднички не им обезбедиме да се школуваат и вработуваат.
.jpg)

Почетоците на воведувањето на стручното средно образование, во Комората се поврзуваат со компании членки на Управниот одбор, кои ја препознаваат потребата од дуалниот систем на образование и иницираат нови активности. Во таа насока беше споменат и доскорешниот директор на Киро Дандаро, Драги Милошоски кој заедно со м-р Наташа Јаневска, советник за образование во Кабинетот на претседателот на Комората, го започнуваат процесот, кој денеска е една од тековните дневни активности на СКСМ. Јаневска ги аргументираше резултатите од дво-децениската активност на Комората, преку серија конференции, пресови, дебати, трибини и придонес на голем дел од компаниите членки на Комората во истиот. Низ процесот за обезбедување образование по мерка на бизнисот се соочивме со низа предизвици кои денеска се минато:
Во дискусијата учествуваа директорите од Либерти, Ван Хол, Раде Кончар ТЕП, Вабтек, Саса, Витаминка, кои преку своите искуства укажаа на важноста на улогата на Комората во целиот процес, упорната заедничка активност и постигнување систем на учење преку работа и дуално образование со кои веќе се обезбедува сериозен квалификуван кадар за компаниите.
Д-р Никица Мојсоска Блажевски; потпретседател на УО на Стопанската комора, во заклучните согледувања посочи дека соработката на Комората со образовните институции продолжува и дека следува период на интензивни активности за формулирање на стручните студии и во високото образование.
Укажувајќи им чест на пионерите на процесот на дуалното образование во државата, претседателот Азески додели Признанија на ЕТУЦ „Михајло Пупин“, Скопје, како прво училиште со дуална паралелка, и на ЕВН Македонија АД, како компанија со вклучување на 20 ученици во процесот на дуално образование - како пилот проект.
.jpg)
.jpg)