„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
Вака изгледа мојата агенда за нареднава недела, која треба да се надополни со моето онлајн учество на Меѓународна конференција во Тирана, на која ќе ја промовирам идејата за изградба на транспортно-логистички центри во Кичево и Драч, која првпат беше промовирана во 2013 година. Изработената Студија, финансирана од ЕУ, констатира дека е подобро ова решение, отколку изградба на нова пруга, помеѓу Кичево и Драч. Значи, од агендата гледаме дека фокусот на нашето работење во моментов е да се поддржат компаниите кои прават раст и додадена вредност.
1. Зошто инвестиците ги детектирате како толку важен фактор
Нема економски развој без економска инфраструктура, која влијае врз деловните можности, но и врз вкупната привлечност на земјата за работа и инвестирање. Инфраструктурните проекти се еден од главните двигатели на градежниот сектор, и затоа Владата ја охрабруваме да порешително продолжи да инвестира во клучни проекти за подобрување на транспортната и енергетската инфраструктура, кои создадат и нови работни места. Настојувањето на бизнисот е домашните компании да учествуваат и во јавни проекти, што ќе ги стимулира и нивните капацитети за раст, и како главни изведувачи на капиталните проекти во земјата за да ја поттикне способноста за иновации и создавање нови економски вредности.
Стопанството би бележело подобри резултати ако реализацијата и динамиката на инфраструктурните проекти се финализира во зацртаните временски рамки. Во спортивно да се поднесе одговорност за доцнењето, односно нерелизацијата на проектите кои се клучни за македонската економија, а стопанството премногу долго чека на нивна целосна завршница.
2. Бизнисот зборува за инвестиции, но работниците во фирмите зборуваат за плата. Владата порачува договорот за висината на минималната плата да ја договорат работодавачите и работниците, иако постои Економско-социјален совет каде Владата е третиот партнер.
Јас како човек што ги предводи компаниите, и е секојдневно во директна комуникација со менаџерите и сопствениците, како и многу пати досега сум изјавил дека сум поборник на плата и приходи за работниците согласно вложениот учинок. Анализите на Комората и согледувањата на членките од органите и телатата ја потврдуваат тезата дека зголемувањето на платите мора да биде резултат на раст на продуктивноста на трудот и секое наметнато зголемување на платите, води до зголемени трошоци на компаниите и намалување на нивната конкурентност. Во рамки на пазарна економија, каква што Македонија се стреми да биде, цената на трудот треба да биде предмет на договор, а не резултат на административни одлуки.
Пазарот е најреален и најобјективен проценител на вредноста на трудот, а ваквиот модел на раст на минималната плата ќе преставува само спирала на поскапување на основните производи и услуги, што негативно би се одразило и врз компаниите и врз крајните потрошувачи.
3. Неколку пати ја споменувате конкурентноста на македонската економија, врзано за извозот, но еден од исто така важните прашања за кои во континуитет говорите е дигитализацијата. Како може овој процес да им помогне на компаниите.
Дигитализацијата не е можност за избор, туку е предуслов за функционирање во технолошки современиот свет. Таа дава можност за креирање на производи и услуги со голема додадена вредност и влијае многукратно кон серозно зголемување на БДП. Но, за да функционира бизнисот и целата економија во свет на дигитализација потребни се повеќе чекори и тоа:
1. Јавниот сектор да примени унифицирано системско решение, а не некоординирани дигитални проекти. Фокусот е на ефикасноста, транспарентноста и елиминирањето на бирократијата. Овој концепт ќе помогне да се намалат трошоците, да се плаќа неколку кратно на различни институции за една иста активност и ќе се заштеди на време што е многу важно за компаниите.
2. Приватниот сектор, да премине кон масовно дигитализирање на процесите кое меѓу другото ќе овозможи и воспоставување мобилна инфраструктура за плаќање, преземање чекори за драстично намалување на неформалната економија преку имплементирање сертифицирани платформи за е-трговија кои ќе креираат доверба кај граѓаните и ќе понудат пониски цени, а на тој начин ќе го омасоват прометот. Со стандардизирање на алатките за дигитална трговија, македонските компании ќе може да се движат надвор од локалните граници и директно да се интегрираат во единствениот европски пазар на брз, сигурен и ефикасен начин.
4. Имате ли решение како може да се постигне се` ова што го детектирате како еден вид кочница за развој и конечно Македонија да се движи во насока на раст на БДП од 4 до 6 проценти, за, како што велите да ги почуствува економските придобивки?
Имам. Тоа е прашањето на одговорноста кое е заборавено далечната 1992 година. Одговорноста мора да се врати на голема врата. Да претставува темелен принцип на државата во која живееме. Бидејќи секоја нормална куќа има четири столба, ние ги имаме образованието за потребите на бизнисот, зголемување на извозот, регионаланата соработка и одговорноста. Ако по сите овие четири прашања во државата се изгради консензус на сите чинители на економската политика, тогаш можеме да кажеме дека сме направиле чекор напред.
5. Какви се односите помеѓу јавниот и приватниот сектор во моментов ?
Мислам дека е редно да се напомене и односот на оваа Вадата према бизнисот кој континуирано се одвива во последните 10 години, вклучувајќи го и периодот кога беше во опозиција. Посебно односот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и сегашен премиер, кој со своето однесување према бизнис асоцијата и компаниите претставува пример за нас како треба да функционираат тие релации. Да се рзбереме, ние ќе ја критикуваме Владата за секој нејзин потег што не е во согласност со темелните принципи на владеење на правото и пазарната економија, но, само доколку имаме подобро решение од нивното, а не по секоја цена. Тоа се здрави односи помеѓу приватниот и јавниот сектор.