„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Азески домаќин на висока државна-бизнис делегација на Узбекистан - Нови можности за трговска и економска соработка

11.02.2026

| Актуелно

 Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, беше домаќин на владина – бизнис делегација од Узбекистан, која е на студиска посета во Македонија во рамки на проект поддржан од Германско друштво за меѓународна соработка (GIZ) - „Развој на приватниот сектор и советување за економски политики во Узбекистан“. Целтта е преку реализираните средби и состаноци со компании и институции, да се обезбедат практични сознанија за привлекување странски директни инвестиции, функционирање на концептот на индустриски зони, придобивки од креирање стратегија за паметна специјализација, напредно производство, продуктивност, практики за одржливост и врски помеѓу образованието, иновациите и индустријата.

Претседателот Азески пред присутните ја истакна важноста на посетата токму на Комората како најстара и најбројна институција со 104 години искуство во постоењето. Посочи дека од исклучителна важност е отпочнување поагресивна економско-трговска соработка со земјите од Азија, а Узбекистан како голема земја со добра местоположба, со 38 милиони жители, економски показатели (БДП, извоз и сл.), кои иницираат прогерс, може да биде мост на поврзување со останатите земји од тој регион. Стопанската комора вели Азески, е подготвена во интерес на поддршка на компаниите да ги преставува нивните интереси за инвестиции, извоз и раст на меѓусебните економски врски во следниот период и затоа ја става на располагање инфраструктурата на Комората, за што дополнително би се воспоставиле и конкретни чекори на делување. На бизнисмените и државните претставници од Узбекистан им порача дека Македонија како мала држава во центарот на Балканот, опкружена со земји кои се сериозна конкуренција на економски план перспективата може да ја гледа само преку три приоритети, раст на извозот на домашни производи за да има поголем девизен прилив кој ќе ја поттикнува економската активност, поголема регионална соработка за да се намалат трошоците за транспорт кој сега целејќи кон дестинации во ЕУ ги прави македонските производи помалку конкурентни и образование за потребите на бизнисот согласно кое ќе се креира стручен кадар кој ќе може да биде на ниво на барањата на компаниите, за да биде брзо ставен во функција.

Средбата со владина–бизнис делгација од Узбекистан доаѓа во време кога Македонија и регионот на Западен Балкан гледаат перспектива во ширење на економската и трговска соработка со земјите од Азија, рече Азески.

Во улога на домаќин на делегацијата, проф. д-р Атанас Кочов искажа благодарност за средбата и рече дека студиската посета е составен дел од активностите за практична обука во насока на подигнување на капацитетот на креаторите на политики во земјата со крајна цел искуствата да бидат имплементирани при формирањето на Национален центар за продуктивност на трудот во Узбекистан.

Делегацијата доаѓа од Џизачката област. Градоначалникот Азимов Зафар Абдумажановиќ рече дека прв пат се во посета на Македонија и гледаат потенцијал за продлабочување на засега слабата економско-трговска соработка. Норбојев Бахтијор, министер за економија и финасии на Узбекистан констатираше дека постои потенцијал за поголема економска соработка помеѓу двете земји со можност за инвестирање на македонски фирми во Узбекистан. Најави дека на крајот на март ќе се реализира меѓународна конференција за земјите од централа и источна Азија за зелени политики и во таа насока го покани претседателот Азески со компании од Македонија да бидат учесници на настанот, како почеток на поинтензивна соработка на Западен Балкан со земјите од тој регион, а Македонија како лидер и носител на оваа активност.  

Средбата беше заокружена со констатација на претседателот Азески дека „јазикот на бизнисот е секаде ист“ и дека потенцијал за освојување нови пазари и поттикнување извозни и инвестициони активности има, за што потврда е и денешната средба.