„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Признание за лидерство на претседателот Азески и улогата на Комората во застапување и поддршка на бизнисот

06.02.2026

| Актуелно

Покана за учество на Clevenard Open Project 2026“, во Шпанија

 На адреса на Стопанската комора и претседателот Азески стигна допис од компанијата за маркетинг и меѓународно вмрежување Клевенард (Clevenard SL), со седиште во Шпанија, која доставува покана СКСМ да присуствува и да земе активно учество на „Clevenard Open Project 2026“, кој ќе се одржи во периодот од 27 до 30 август 2026 година во Конгресната палата воАликанте, Шпанија. 

Во дописот се вели
 
 

„Clevenard Open Project 2026“ е меѓународен форум под мотото „Глобална прослава на бизнисот, културата, креативноста и човечката поврзаност“, кој обединува носители на политики, економски институции, деловни лидери, инвеститори, културни чинители и претставници на приватниот сектор од Европа, Африка и Америка. Настанот поттикнува дијалог, видливост и конкретни партнерства меѓу секторите што го движат одржливиот економски раст и иновациите.