„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Владата и Комората во нова инвестициска офанзива

Интервју на Азески за Блумберг Адриа - Разговор со Азески за Наша ТВ

08.01.2026

| Серијал

 

За економски раст од пет до седум проценти не се доволни стратегии и декларации. Потребен е национален косензус, но и владеење на правото, пазарната економија, борба против корупцијата, сивата економија и задржувањето на младите во земјата за да станат заедничка државна цел, поддржана од сите чинители – институциите, бизнис-заедницата, академијата и медиумите, посочува Азески во интервју за Блумберг Адриа.

Владата и Комората формираа оперативно тело за потенцијалните и актуелни градежни активности и покренување на нови инфраструктурни проекти. Се разгледува ситуацијата за проектите кои се во тек и ако има било каков застој, било каква причина одма се интервенира. Таквата соработка веднаш дава резултати и тоа не доведе да почнеме да размислуваме за овие прашања, а тоа е како да се направи стратегија и да му се помогне на градежниот сектор, - дел од изјавите на претседателот Азески дадени во интервју за Наша ТВ.