„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје

13.12.2025

| Актуелно

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески оствари работна средба со раководството на Филип Морис во Скопје во нивните деловни простории, со директорот Иван Костиќ и Василка Салевска, член на УО на Комората.

На состанокот беше разговарано за актуелната деловна клима и условите во кои стопанисуваат компаниите во државата. Од Филип Морис, како компанија со странски капитал која повеќе години делува во Македонија, истакнаа дека деловната клима во глобални рамки има свои предизвици,  но, сепак успеваат да ги реализираат предвидените цели и таргети. Укажаа на одрeдени состојби со кои се соочуваат и тие, но и останатите компании од тутунската дејност кои заедно делуваат во Комората преку Здружението за производители на тутун и преработки од тутун. Како општествено одговорна компанија која придонесува во економскиот развој на државата акцентираат на отворените прашања во делот на царинската политика, за која како што велат има простор за одрдени корeкции ако се земе во предвид дека дејноста како извозна гранка има значителен позитивен импакт во буџетот на државата по повеќе основи.

На средбата, претседателот Азески укажа дека Комората како куќа на бизнисот останува во интерес на компаниите да делува за решавање за сите отворени прашања со кои се соочуваат. Во следниот период ќе се реализира посета и на Тутунскиот комбинат од Прилеп како фирма дел од корпорацијата Филип Морис со цел увид на лице место на производните капацитети. Беше посочено дека од интерес на компанијата е преку споделување на знаење и нови технологии кои го имаат деловните субјекти дел од корпорацијата кои делуваат во други земји, да се имплементираат новини и во производниот капацитет во Македонија за натамошен развој.