„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Коморските активности кои ја одбележаа измината недела со видео запис во „Бизнис Објектив“

17.11.2025

Во последното издание од емисија „Бизнис Објектив“, на Телма телевизија, Стопанската комора - НЕЗАМЕНЛИВ ПАРТНЕР НА БИЗНИСОТ со осврт на дел од активностите кои ја одбележаа изминатата недела:

  • М-р Тони Јанковски во „БИЗНИС-КЛУБ“ - инфраструктурата е крвотокот на државата, а практичната обука темел за создавање стручен кадар;
  •  Со амбасадорот на Швајцарија во РСМ, Н.Е. Кристоф Зомер, претседателот Азески побара поддршка за решавање на три клучни дејности:
  1. Корупција;
  2. Сива економија;
  3. Правосудство;
  • Деловен форум за унапредување на трговијата, инвестициите и економската соработка меѓу Швајцарија и Северна Македонија

-        Азески: Ќе настојуваме да ја вклучиме и македонската заедница присутна во Швајцарија за да го подигнеме степенот на размена, кој изнесува околу 200 милиони долари, да го зголемиме извозот и да создадеме услови за нови партнерства и инвестиции;

-        Зомер : Компаниите денес бараат стабилни и доверливи партнери. Нашите две земји ги нудат токму тие вредности. Швајцарија е подготвена да ја поддржи оваа поблиска соработка – да помогне потенцијалот да се претвори во конкретни партнерства и просперитет за граѓаните,

  • „Планот за раст за Западен Балкан и Националната реформска агенда – Зошто се важни за бизнис секторот?“

-        На патот кон ЕУ кој бизнисот го подржува, каде и доминантно е ориентиран во извозот, клучно е на врвот на агендата да бидат прашањата за инфраструктура и правосудство, доколку сакаме Планот за раст да има позитивен импакт за земјата и регионот на Западен Балкан во целост – порака на претседателот Азески;

-        Панел дискусија во која учествуваа: Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација; Драган Тилев, советник на министерот за европски прашања и член на Кабинетот; Глигор Цветанов, Клуб Европа, Стопанска комора; Стефан Ристовски, истражувач, Институт за европски политики (ЕПИ) – Скопје.

Целото видео емитувано во емисијата „Бизнис Објектив“ на Телма во недела 16.11.2025 година, погледнете го на следниот линк –