„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
09.10.2025
По повод 25-годишниот јубилеј на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, Центарот за микро, мали и средни претпријатија при Стопанската комора на Северна Македонија беше свечено одликуван со благодарница – признание за долгогодишна соработка, континуирана поддршка и значаен придонес во унапредувањето и афирмацијата на приватното обезбедување како важен столб на безбедносниот систем во државата.
Во рамки на свечената церемонија, благодарницата ја прими Габриела Кулебанова, претседател на Центарот.
Центарот останува цврсто определен кон продолжување и продлабочување на соработката, со цел заеднички да придонесуваме кон развојот, едукацијата и професионализацијата на секторот за приватно обезбедување – во интерес на безбедноста, довербата и напредокот на нашето општество.