„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.10.2025
Здружението на информатичко-комуникациските технологии на изборната седница одржана на 07.10.2025 година го избра новото раководство.
За претседател на Управниот одбор, а со тоа и претседател на Здружението на информатичко-комуникациските технологии беше реизбран Благој Христов - Македонски Телеком, а за потпретседател беа избрани Валентина Тасева - Семос Едукативен Центар и Анета Антова Пешева - Ултра.
Нови позиции во Управниот одбор на Здруженито добија и: Горан Кубелка - Неоком, Сашко Наумов – Семос, Софче Јовановска – Скејлфокус и Хари Коцев – Портел ком.
На седницата присутните членови дискутираа и за актуелните состојби во ИКТ секторот, како и за новите активности на Здружението кои ќе бидат реализирани во наредниот период во делот на едукативни настани, соработка со државни институции, вмрежување и промоција на национално, регионално и меѓународно ниво, се со цел унапредување и развој на ИКТ индустријата.