На 6 октомври во Стопанската комора се одржа работилница за дигиталната трансформација на услугите во осигурителниот сектор во организација на Агенцијата за супервизија на осигурувањето (АСО), Националното биро за осигурување (НБО), КИБС АД Скопје и Групацијата на осигурувањето при Стопанската комора на Македонија.
Цел на настанот е поттикнување на процесот на модернизација на осигурителниот пазар преку промовирање на современи решенија за целосно paperless работење, автоматизација на процесите и подобрување на ефикасноста и сигурноста во работењето.
Претставниците од КИБС АД Скопје ја претставија SignPlus платформата која е напредна платформа за електронско потпишување и работа со електронски документи и овозможува online потпишување на документи во PDF формат, издавање и проверка на временски жиг – Momentum и безбедна препорачана достава на документи – MailTube. Преку практична демо презентација беа претставени можностите за paperless работење во повеќе процеси во осигурителните друштва, а присутните имаа можност да ги слушнат и искуствата на компании кои веќе успешно користат вакви технологии во своето секојдневно работење.
На настанот присутните разменија искуства, идеи и визии за идните насоки на дигиталната трансформација во осигурителниот сектор. Преку вакви иницијативи, осигурителниот сектор покажува подготвеност за прифаќање на технолошките иновации и активно придонесува кон градење на модерен, транспарентен и ефикасен систем, во чекор со глобалните трендови на дигиталното осигурување.
КИБС АД Скопје е специјализирана компанија за услуги од дигитална доверба кои вклучуваат квалификувани сертификати за електронски потпис, електронски печат, временски жиг и електронска идентификација во согласност со домашната и европска регулатива за што е запишан во Регистарот на даватели на доверливи услуги и шеми за електронска идентификација
https://trusteid.mioa.gov.mk/registar_listi/ со што се гарантира усогласеноста со Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.