„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Компанијата „ЕСМ“ АД се здоби со нови ментори за практична обука

01.10.2025

Со цел унапредување на квалитетот на практичната обука и зајакнување на улогата на менторите како клучна алка во процесот на практична обука, Стопанската комора ја реализираше обуката за ментори за практична обука во компании.

На обуката учествуваа вработени од повеќе подружници и сектори на енергетската компанија ЕСМ АД, која активно се вклучува во создавањето стручен кадар преку оспособување ученици од средните стручни училишта.

Преку интерактивни сесии, учесниците на обуката се здобија со знаења и со вештини поврзани со:

-           улогата и одговорностите на менторот,

-           методите за работа со ученици и со студенти,

-           обезбедувањето безбедна и поттикнувачка работна средина,

-           техниките за давање повратни информации и за следење на напредокот на учениците.

Обуката успешно ја завршија 20 нови сертифицирани ментори, кои ќе придонесат за поуспешна интеграција на младите во работната средина и за зајакнување на врската меѓу образованието и бизнис-секторот.

Досега преку Комората сертифицирани се околу 1000 ментори, кои со својата експертиза овозможуваат квалитетно практично образование и полесно вклучување на младите во светот на бизнисот.

„Електрани на Северна Македонија“ АД е најголемата државна енергетска компанија која се занимава со производство на електрична енергија од термоелектрани, хидроелектрани и од ветерни електрани.

Управува со најголемите производствени капацитети во земјава:

  •  РЕК Битола (термоелектрана на јаглен);
  •  РЕК Осломеј;
  • неколку хидроелектрани (Маврово, Тиквеш, Глобочица, Шпилје и др.);
  • ветерен парк Богданци.
 Освен со производство, компанијата се занимава и со топлинска енергија и е клучен фактор за енергетската стабилност на државата.
 ЕСМ АД е еден од најголемите работодавци во Македонија и има значајна улога и во економијата и во енергетската безбедност на државата.