„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Интензивни активности на Азески и Цветанов во Тиват

30.09.2025

Претседателот Азески со раковoдството на ЕБРД

 

Претседателот на Стопанската комора Бранко Азески и потпретседателот Глигор Цветанов продолжуваат со својот престој во Тиват каде се одржува конференција на Европската банка за обнова и развој (ЕБРД), на Самитот за правила на потрошувачите.

На "жешкиот" панел насловен „Тежок разговор – Преглед на мисијата: Увид од највисоките структури во компаниите!“, учествуваа Емил Тедешчи, Атлантик груп, Драган Бокан, ВОЛИ, Михајло Јанковиц МК ГРУП, Небојша Шапоњичц НЕЛТ Груп, на којшто се дискутираше без ракавици, а после тоа имаа работна вечера со раководството на ЕБРД, Васил Наци познат албански бизнисмен и претставници на менаџментот на КАМ, кој е единствен претставник од ланците на снабдување.

Денеска самитот продолжува со нови панел дискусии и активности на споменатите теми, промовирајќи размена на идеи, успешни приказни меѓу врвните бизнис лидери, инвеститори, регулатори и иноватори, за да поттикне значајна соработка и иновации. Собира повеќе од 30 говорници и над 150 учесници, вклучувајќи менаџери од високо ниво од водечки компании во Централна и Југоисточна Европа, како и од ЕУ, Турција, Блискиот Исток и Африка.

Претседателот Азески со Васил Наци
 
 
 
Претседателот Азески со менаџментот на КАМ
 
 
Претседателот Азески со дел од учесниците на Самитот