„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
25.07.2025
Претседателот на Стопанска комора Бранко Азески оствари работна средба со кандидатот за градоначалник на Град Скопје и актуелен претседател на ЗЕЛС и градоначалник на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, во просториите на Стопанската комора.
1. Децентрализација на власта која претставува основ за воспоставување систем за ефикасно функционирање на локалната самоуправа и отстранување на административните пречки за развој на бизнисот, за почитување на надлежностите (одговорностите и обврските) на Град Скопје и на општините во Град Скопје, за функционалниот јавен превоз во насока на заштита на животната средина и економскиот развој и за функционални јавни претпријатија кои ќе бидат во служба на граѓаните и на фирмите, како и уредување механизми за премостување на ситуациите во случај некој од чинителите да не ја извршува обврската или одговорноста во делот на надлежностите на Град Скопје и на општините во Град Скопје.
2. Подобрување на инфраструктурата во насока на зголемување на инвестициските активности и создавање поволна клима за раст на бизнисот преку кратење на долгите административни процедури (градежни дозволи, имотно-правни решенија) со акцент на бизнисите кои се извозно-ориентирани и остваруваат додадена вредност и отворање нови работни места. Инвестиционата активност, значајна за најголемата бизнис организација, ќе овозможи зголемен раст на бруто домашниот производ и ќе овозможи подобар стандард на граѓаните и развој на компаниите.
3. Образование во насока на обезбедување стручен кадар преку активно вклучување на градот во подигање на капацитетите на стручните училишта чие функционирање е во надлежност на локалната самоуправа. Скопје расадник на кадри каде се наоѓаат најголемите потнцијали за развој на државата и во него се наоѓаат најзначајните училишта, универзитети и институции кои прозведуваат кадар.