Претставници на Асоцијацијата на осигурителни брокерски друштва предводени од претседателот, Оливера Клинчарова, одржаa работна средба во Охрид, со две значајни имиња од осигурителната теорија и пракса, Nic De Мaesschalck, претседател на БИПАР-Европската федерација на осигурителни посредници и член на ЕИОПА- Insurance and Reinsurance Stakeholder Group, и проф. Karel Van Hulle, кој е креатор на Солвентност 2 директивата.
Темите кои се дискутираа на средбата беа од укажувањето на Агенцијата за супервизија на осигурувањето и тоа: анализа на ризик, објавување на стапки за брокеража, нееднаква положба на осигурително-брокерските и другите посредници во осигурувањето, примена на ИДД, за финансиски омбдусман, учество на брокери во јавните набавки, размена на искуства од повеќе земји и најновите трендови во осигурувањето.
Целта беше да се добие поширока слика за проблемите со кои се соочува пред се осигурително-брокерското работење во Македонија, но и пошироки теми кои се однесуваат на усогласувањето на работењето со европските стандарди и директиви.