„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
08.07.2025
Повеќе од 220 компании од Македонија и Италија учествуваа на Италијанско - Македонскиот Бизнис Форум на тема „Деловни можности и инвестиции“, што се одржа во Скопје. Настанот беше организиран од Амбасадата на Италија во Скопје, во соработка со Стопанската комора на Северна Македонија, Италијанската трговска агенција ITA – Skopje, како и Министерството за надворешни работи на Северна Македонија и Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка на Италија.
На Форумот како претставник на Стопанската комора учествуваше извршниот директор Антони Пешев.
Фокусот на форумот беше ставен на можностите за продлабочување на економската соработка, преку три секторски панели посветени на инфраструктурата, енергетската транзиција и иновациите – со акцент на циркуларната економија, агротехнологијата и Индустријата 5.0.
Во делот за вмрежување се одржаа над 150 B2B средби меѓу италијанските и македонските компании, како и претставници на меѓународни финансиски институции, меѓу кои Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и Европската инвестициска банка (ЕИБ).
Според официјалните податоци, трговската размена меѓу Италија и Северна Македонија во 2024 година достигнала 560 милиони евра, со раст и на извозот и на увозот.