„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Започнаа уписите за петтата генерација на Академијата за претприемништво и менаџмент

04.07.2025

 Академијата за претприемништво и менаџмент – првата сертифицирана програма од овој вид во Македонија – ги отвори уписите за петтата генерација на кандидати. Сите заинтересирани имаат можност да се пријават до 15 август 2025 година.

Програмата е наменета за сопственици на компании, наследници во семејни бизниси, менаџери, инженери, стартапи и поединци кои сакаат да ги унапредат своите знаења и вештини во областа на менаџментот.

Услови за пријавување:
• Најмалку три години искуство на менаџерска позиција
• Завршено најмалку средно четиригодишно образование

Пријавувањето се врши со пополнување на формулар [https://forms.gle/WjjgBEHdhzuUqLSUA] и испраќање на биографија (CV) на prijava@progressive.org.mk. Секоја пријава ќе биде разгледана од жири комисија.

Цената на програмата изнесува 1.500 евра, со можност за плаќање на рати. При упис, задолжителна е уплата на 100 евра како депозит, а остатокот се плаќа дополнително. Во цената се вклучени сите потребни материјали, кафе-паузи и оброк за време на предавањата. За компании кои пријавуваат повеќе учесници важат попусти:

• 1.350 евра по учесник за двајца кандидати
• 1.275 евра по учесник за тројца кандидати

(Во двата случаи, уплатата на депозит од 100 евра по учесник е задолжителна.)

Пред почетокот на предавањата ќе биде организиран ориентациски час, на кој учесниците ќе се запознаат со програмата, инструкторите и сите практични детали поврзани со текот на наставата.

 

Што нуди Академијата?

 

Програмата се состои од шест модули, преку кои учесниците стекнуваат знаења и практични алатки за водење на компании. Темите опфаќаат:

• Развој на бизнис стратегија
• Управување со семејни компании
• Анализа на финансиски извештаи
• Организациска трансформација
• Корпоративни иновации
• Вештачка интелигенција
• Маркетинг и продажба
• Управување со таленти, менторинг и коучинг
• Лидерство и деловни комуникации
 

Со завршување на обуката, учесниците стекнуваат сертификат верифициран од Центарот за образование на возрасни (бр. УП1бр.10-55 од 22.07.2021 година), и јавна исправа издадена од Министерството за образование и наука. Академијата за претприемништво и менаџмент е иницијатива на Фондацијата „Прогресив Академија“ од Виница, чија мисија е поттикнување на личен и професионален развој преку едукативни програми, истражување, иновации и акцелераторски активности. Од 2021 година досега, преку 40 учесници успешно ја завршија програмата и се приклучија на ALUMNI заедницата.

 
За повеќе информации:
 Тел: 072 279 942

Преглед на модулите и повеќе информации на линкот  Опис на програмата – Progressive Academy