„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
22.05.2025
Секоја компанија која сака да се развива и да биде препознаена на домашниот и на меѓународниот пазар знае дека мора да вложува во највредниот ресурс, а тоа се нејзините вработени. Затоа, вложувањето во континуирана едукација за развој на нивните знења и вештини од страна на компајата не е само придобивка за вработените, туку стратешка одлука на компанијата за остварување на организациските цели, за градење позитивна работна култура, за постигнување конкурентска предност и долгорочни резултати
.
За таа цел, Советот за унапредување на квалитетот на тренингот и обуките во соработка со Бизнис центарот за тренинг и обуки, Скопје, започнаа со реализација на тридневната обука на тема: „Вештини за припадниците на средниот менаџмент“ која е фокусирана на развивање вештини неопходни за припадниците на средниот менаџмент во компанијата-работодавач. Овие вештини ќе им помогнат на припадниците на средниот менаџмент, при спроведување на нивните секојдневни активности, односно, соодветно толкување и претставување на стратегиите, компаниските правила и процедури пред вработените од својот тим и нивна соодветна имплементација, соодветно следење и унапредување на работата на вработените, нивно инспирирање и поттикнување да прикажат најдобри резултати, претставување нови иницијативи за подобрување на продуктивноста во одделот/операцијата за кој припадниците на средниот менаџмент се одговорни и намалување на непосакуваниот „одлив“ на вработени од организацијата и придонес во процесот на регрутација на нови вработени.
Програмата за обука опфаќа 8 модули, а предавач на обуката е Дејан Стојановиќ, кој поседува долгогодишно искуство од ваков тип на обуки. Со внесување нов метод на работа преку интеракција со учесниците се поттикнува активно учество на учесниците и размена на искуства помежу нив имајќи во предвид дека доаѓаат од компании со различни дејности.
Средниот менаџмент претставува клучна алка во успехот на секоја институција. Секое вложувањето во него е основа за стабилен и одржлив раст на компанијата.