„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Информација за воведување нов образец при надворешно- трговската размена со Украина

19.05.2025

 Стопанската комора на Северна Македонија ги информира економските субјекти дека согласно известувањето од Амбасадата на Украина, започнувајќи од мај 2025 година Трговско-индустриските комори во Украина воведуваат нов образец на непреференцијални сертификати за потекло на стоката на англиски јазик со логото на Меѓународната трговска комора (Прилог 1).

Постоечките обрасци на непреференцијални сертификати за потекло на стоката на англиски јазик исто така ќе продолжат да се применуваат се до нивната целосна искористеност, но не подоцна од 01.01.2026 година.

Новиот образец може да се користи како за издавање на хартиени сертификати, така и за електронски сертификати (e-certificates).

Проверка на фактот за издавање на сите сертификати што ги издаваат Трговско-индустриските комори во Украина се врши преку подсистемот „Проверка на фактотза издавање на сертификат за потекло“ на следниот линк: https://verify.ucci.org.ua/ .

ПРИЛОГ 1