„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk
07.05.2025
Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, во новото интервју за порталот Фактор зборува за интензивниот дијалог со премиерот Мицкоски и предизвиците во економијата.
Фактор - Полека но сигурно се заокружува една година од формирањето на Владата (избрана на 23 јуни 2024 година). Претседателе Азески, секаде во светот дијалогот меѓу приватниот и јавниот сектор е потенциран како неопходен услов за водење на економските политики. Но, се добива впечаток дека Вашиот личен дијалог со премиерот Мицкоски е многу интензивен.
Азески: Да, јас имам коректен дијалог со премиерот Мицкоски, во согласност со надлежностите на нашите функции. Тоа датира од 2015 година, од времето кога премиерот Мицкоски беше генерален директор на ЕЛЕМ (ЕСМ) и член на нашите органи и тела. Продолжи за време на неговото лидерство со опозицијата, а денеска е многу јасно позиционирано како партнерство во интерес на бизнисот и државата. И можам да кажам дека сум задоволен од тие релации.
Фактор - Но, на јавноста и се познати и Вашите цврсти ставови за функционирањето на правна држава, борба против сивата економија и корупцијата, инвестиции во инфраструктурата и создавање на кадар за потребите на бизнисот. Разговарате ли со премиерот Мицкоски на овие теми?
Фактор - Многу луѓе мислат дека решението треба да се бара во промена на менталитетот и свеста на луѓето.
Азески: Нашиот амбиент, е амбиент во кој секој сѐ знае. Особено за водење на бизнис има многу „сезнајковци“, па ги учат бизнисмените што треба да прават. Тоа треба да го промениме.
Државата мора да почива на вредности, не на апсурди. Нели е апсурд да треба 14 години да се дефинира законски Холдингот, да се увезува работна сила од Непал и Бангладеш, а да се извезуваат квалификувани работници во Европската Унија. Исто како што е апсурд пред 50 години да имаме здравствен туризам каде операции на овие простори извршуваа нобеловци и академици од цел свет, а денес имаме растурен здравствен систем.
Самодовербата, имплементацијата и одговорноста се трите волшебни збора за успех. Ако имаш самодоверба и знаеш да имплементираш, тогаш ќе бидеш и одговорен. Кој не може да го исполни тоа што е донесено како законски пропис, мора да си понесе одговорност.
Фактор - Има ли решенија. Што го убедувате премиерот Мицкоски? Што му предлагате?
Азески: Премиерот Мицкоски е избран на легитимни избори и работи по програма на Влада усвоена во Парламент. Така што, јас нема што да предлагам, јас сум сконцентриран на имплементацијата за тоа што е добро за бизнисoт. Имплементацијата е рак рана на нашето функционирање. Инаку, мислам дека програмата на Владата содржи сѐ што е потребно за напредок на државата, а имплементацијата на таа програма е предмет на јавна опсервација на сите па и на Комората. Не може да дозволиме тие што не се спремни да помогнат во оваа ситуација, да мудруваат секојдневно.