„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Најново од комората

Комората формира Оперативен тим за технолошки напредно општество

28.11.2026

| Новости

 Стопанската комора со Одлука на Управниот одбор, формираше „Оперативен тим за технолошки напредно општество и соработка со Министерството за дигитална трансформација“, како оперативно и координативно тело на Комората.

Целта за формирање на ваков тим од страна на бизнисот, е со своето активно учество да даде придонес за создавање услови за технолошки напредно, дигитално трансформирано, иновативно и конкурентно општество, тавајќи ги во предвид и потребите и интересите на деловниот сектор.

Согласно донесената Одлука, ова тело ќе претставува механизам преку кој ќе се реализира организирана и континуирана соработка на Комората со Министерството за дигитална трансформација, како и со други надлежни институции, организации, компании, академската и научно-истражувачката заедница.

Оперативниот тим веќе има поставени цели заради кои и e формиран во Комората, а се однесуваат на поттикнување на дигиталната трансформација и технолошкиот развој на компаниите и држаните органи и тела; воспоставување и унапредување на партнерска соработка со ресорното министерството; давање предлози и детектирање на предизвиците на бизнисот; учество во креирање и унапредување на политики, стратегии, програми и мерки поврзани со дигиталната трансформација; иницирање заеднички активности, проекти, програми и иницијативи со министерството; поттикнување и промовирање на примената на вештачка интелигенција, автоматизација, роботика, cloud технологии, сајбер-безбедност и анализа на податоци; поттикнување на развојот на дигитални вештини и компетенции; следење на глобалните технолошки трендови и нивното влијание врз македонската економија; поттикнување на зелени, одржливи и енергетски ефикасни технологии. Се во насока на создавање конкурентна економија базирана на знаење, иновации, дигитализација и современи технологии.

Обврска на Оперативниот тим во чиј состав се (претседателот Азески во улога на координатор и членови - Анатол Кутревски, Горан Марковиќ, Виктор Мизо, Марјан Бојаџиев, Горан Рафајловски, Антони Пешев, Анета Трајковска, Михајло Донев и Стево Серафимов), е да реализира континуиран дијалог со Министерството за дигитална трансформација, согласно погоре дефинираните цели.

За својата работа, Оперативниот тим ќе одговара пред Управниот одбор на Комората и најмалку еднаш годишно доставува извештај за реализираните активности.