„Димитрие Чуповски“ бр.13, 1000 Скопје +38923244000 ic@mchamber.mk

Конкурентноста на македонскиот извоз наспроти словенечкиот

29.10.2026

| Новости

Македонија значително заостанува зад Словенија според бројот на извозни компании, производи и пазари, како и според вкупната вредност на извозот.

Претседателот на Стопанската комора, Бранко Азески, посочува дека Македонија извезува во 80 земји, има околу 3.000 извозни компании и 447 извозни производи, додека Словенија извезува во 150 земји, има 8.000 извозни компании и 1.076 извозни производи.

М-р Анета Димовска, проектен менаџер за активностите поврзани со извозот во Комората, укажува дека разликата е видлива и во вредноста на извозот, која во 2025 година, според изнесените податоци, достигнува околу 8 милијарди евра во Македонија, наспроти 72 милијарди евра во Словенија.

Дополнително, покриеноста на увозот со извоз кај нас е околу 70%, додека кај Словенија изнесува 100,2%. Овие показатели, нагласува Димовска, не треба да се анализираат само како статистички податоци, туку како показател за конкурентноста и структурата на економијата, со цел да се утврдат причините за разликите и можностите за унапредување на извозните перформанси.

Целиот разговор е на линкот https://youtube.com/shorts/sudVbwaj1pQ?feature=share